Свет

Кинескиот амбасадор во Тел Авив пронајден мртов, два дена откако се конфронтираше со Помпео

Chinese ambassador to Israel found dead in Tel Aviv home | News ...

Кинескиот амбасадор во Израел беше пронајден мртов во неговиот дом во неделата, изјави портпаролот на израелската полиција. 

Тој не ја коментираше причината за смртта.

Полицијата, наводно, ги испитува околностите на смртта на 58-годишниот Ду Веи.

Тој, наводно, бил пронајден во неговиот дом во Херцлија, во близина на Тел Авив. Ду беше оженет и татко на едно дете, дојде во Израел кон средината на февруари за да ја преземе функцијата.

Според локалните медиуми повикувајќи се на неидентификувани службени лица за итни случаи, првичните индикации се дека тој починал во сон од природни причини.

Пред да ја преземе функцијата во Израел, Ду Веи беше амбасадор на Кина во Украина.

Неговата необјаснета смрт дојде само неколку дена откако ги критикуваше коментарите на американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој ги негираше кинеските инвестиции во Израел и ја обвини Кина дека криела информации за појава на коронавирус.

Инаку,кинеско-израелската економска соработка рапидно порасна во последните години, а Кина се претвори во најголем странски инвеститор во еврејската држава.

На овие текови остро се спротистави Вашингтон па така во октомври минатата година под притисок на Сад, Израел формира панел за испитување на странските инвестиции.

Израел одамна е заинтересиран за подобрување на врските со Кина, особено трговските врски

.Во март, Трамп, наводно, го предупредил Нетанјаху дека доколку Израел не ги спречи врските со Кина, нејзините безбедносни односи со Соединетите држави би можеле да страдаат.

Loading...

Related posts

Leave a Comment