Во правец на Тајванскиот теснец се упатија борбени авиони Су-25, кои припаѓаат на кинеската армија, јавуваат светските медиуми.
Ловците полетале токму во моментот кога се очекувало да слета патничкиот авион со Ненси Пелоси.
Да потсетиме, авионот со Ненси Пелоси наскоро треба да слета во Тајван.
Кина претходно најави дека нејзината војска нема да „седи со скрстени раце“ доколку Пелоси дојде на автономниот остров, за кој тврди Пекинг.Се верува дека нејзината посета ќе ги поткопа врските меѓу Кина и САД.