Свет

Кинески медиуми: НАТО не може да ја спречи Русија да ги постигне своите цели во Украина

Кинески Глобал тајмс , близок до владејачката Комунистичка партија во земјата, во напис вчера рече дека, и покрај сите инвестиции во конфликтот, НАТО не е во состојба да ја спречи Русија да ги исполни целите на нејзината воена операција во Украина, давајќи и на Москва способност да ја регулира воената активност na терен во согласност со сопственото планирање и стратешките размислувања.

Во последниве месеци, сојузниците на НАТО испратија огромни суми пари на украинската влада и ги воведоа најстрогите економски санкции кон Русија кои некогаш биле користени во историјата, јавуваат кинеските медиуми. Бројот на оружје пренесено во Киев е доволno за опремување на армијата на мала европска или азиска земја. Во Украина има и неколку илјади платеници од земјите на НАТО – сите се обучени војници со борбено искуство, се вели во текстот. Некои европски сојузници во НАТО признаваат дека веќе ги исцрпиле сите залихи на расположливата воена опрема. Испораката на нови залихи во Киев ќе бара значителен производствен напор кој ќе трае со месеци или дури со години.

Понекогаш дури се добива впечаток дека Украина за НАТО станува она што војната во Авганистан (1979-1989) беше за Советскиот Сојуз – огромно трошење ресурси за цел што е и неразбирлива и далеку од интересите на граѓаните.

Потсетуваме дека во декември минатата година Русија објави предлози за договори со САД и НАТО за меѓусебните безбедносни гаранции, инсистирајќи главно на правни гаранции за да се спречи натамошното проширување на НАТО на исток и формирање воени бази во постсоветските земји. Москва, исто така, побара клаузула да не се распоредува офанзивно оружје на НАТО во близина на границите на Русија и да ги повлече своите сили од Источна Европа на позициите од 1997 година, како што беше договорено во тоа време.

Западот, по последователните првични „тивки“ посети на високи американски дипломати на Москва, состаноците на високи американски и руски делегации и руската делегација на состанокот со лидерите на НАТО во Брисел во јануари 2022 година, единствено ги отфрли барањата на Москва како сами по себе неприфатливи.

На 22 февруари Русија еднострано ја призна независноста на двата сепаратистички региони во источна Украина – ДНР и ЛНР, а два дена подоцна започна воена операција во таа земја со цел „целосно ослободување“ на двата региона, како и „демилитаризација и денацификација на Украина“.

 

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!