Тенис

Кирјос го брани Ѓоковиќ: Ноле ни помогна кога ни беше најтешко!

Kyrgios wants to avoid Djokovic if Serb gains Australian Open reprieve -  The Indies Times

Контроверзниот тенисер Ник Кирјос уште еднаш ја изненади јавноста откако застана во одбрана на најдобриот играч во светот, Новак Ѓоковиќ, кој во моментов преживува вистински пекол во Австралија.

Србинот не доби дозвола да влезе во државата, откако му беше укината визата, па тој во моментов се наоѓа во хотел за мигранти каде што е во карантин.

„Новак ни помогна. За време на пожарите ни даде поддршка. Меѓутоа, брзо забораваме или медиумите брзо забораваат. Тој не мораше да ни помогне тогаш. Многу спортисти не би ни помогнале, зашто се себични… Поради тоа мора да бидеме подобри кон Ѓоковиќ“, кажа Кирјос.

Ѓоковиќ во понеделник ќе ја дознае одлуката за тоа дали ќе добие дозвола да влезе во Австралија и ќе настапи на турнирот.

Related posts

Leave a Comment