Свет

Кисинџер не престанува да го брани системот кој одведе милиони луѓе во смрт

Анри Кисинџер

Кисинџер не се откажува од либералниот модел на светот во чие формирање тој одигра значајна улога.

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер предупреди дека коронавирусот може да предизвика глобален економски колапс што може да трае со генерации, освен ако не се преземе акција. Кисинџер во авторскиот текст напишан за влијателниот Вол Стрит Журнал вели дека „неуспехот може да го запали светот“.

Кисинџер, кој беше во администрацијата на двајца американски претседатели (Ричард Никсон и Џералд Форд), смета дека Белата куќа направила „солидна работа за да се избегне сегашната катастрофа“, но додаде дека владата мора да работи ефикасно и далекусежно за да ја победи болеста. Ова, вели тој, е важно не само за да се врати довербата на Американците, туку и довербата на светот.

– Кога ќе заврши пандемијата „Ковид-19“, институциите на многу земји ќе пропаднат. Дали оваа пресуда е објективна и правична не е важно. Реалноста е дека светот никогаш нема да биде ист по вирусот корона – напиша Кисинџер.

Сепак, Кисинџер не се откажува од либералниот модел на светот во чие формирање тој одигра значајна улога.

Кисинџер вели дека САД мора да работат брзо за да најдат лек, да инвестираат во обновата на глобалната економија и да го заштитат „либералниот светски поредок“, додавајќи дека „дури ниту САД не можат сами да се справат со вирусот“. За да се вирусот, Кисинџер пишува дека САД мора да соработуваат со остатокот од светот.

Во неговиот текст, тој нуди три чекори што САД мора да ги преземат за да се справат со коронавирусот и потоа да се стабилизира економијата, а првиот е да се најде лек.

– Треба да развиеме нови техники и технологии за контрола на инфекциите и пропорционалните вакцини кај големата популација. Градовите, државите и регионите мора постојано да се подготвувааат да ги заштитат своите луѓе од пандемијата со складирање, соработка, планирање и истражување на границите на науката, рече Кисинџер.

– Треба да се заштитат принципите на либералниот светски поредок.

Следниот чекор е „гледање на раните на светската економија“. Тој укажува на финансиската криза во 2008 година, велејќи дека тековните услови се уште покомплицирани – поради глобалната скала на вирусот, затворањето на училиштата, затворањето ресторани и практиките на социјална оддалеченост.

Кисинџер пишува дека треба да се развијат специјални програми за да им се помогне на оние кои се најпогодени од оваа криза и чии загуби се најголеми.

Конечно, Кисинџер пишува дека треба да бидат заштитени принципите на либералниот светски поредок, истакнувајќи дека владите во најразвиените земји веруваат дека треба да се обезбеди „безбедност, ред, економски просперитет и правда“.

– Пандемијата ги поттикна застарените идеи за подигнување sидови(алудирајќи на политиката на Трамп) во време кога просперитетот зависи од глобалната трговија и движењето на луѓето. Светските демократии мора да ги бранат и да ги поддржуваат нивните просветителски вредности – напиша Кисинџер во написот за Вол Стрит Журнал.

Loading...

Related posts

Leave a Comment