Мисли

Кијану Ривс: „Единствената личност што ме спречи да бидам среќен сум јас“

Неговиот татко го остави кога имаше 13 години, на неговата постара сестра и беше дијагностицирана леукемија, неговата ќерка не се роди жива,… Кијану Ривс најдобро знае колку животот може да биде тежок. Затоа луѓето толку многу го сакаат, а неговите зборови имаат посебна тежина.

Ако успеете да насмеете жена, ќе ја видите најубавата работа на планетата Земја.
Љубењето е прилично интимно, дури многу интимно и твоето срце секогаш прескокнува пред да го направиш тоа.

Понекогаш непријателите се наши најдобри учители, луѓето можат да учат од своите грешки, уништувањето понекогаш значи повторно раѓање.

Верувам во Љубов на прв поглед. Ја посакуваш таа врска, а потоа посакувааш и некои проблеми.

Утрешниот ден не ти е загарантиран, живеј денес.

Понекогаш едноставните работи е најтешко да ги постигнеш.

Болката ја менува формата, но никогаш не престанува.

Вљубување и врска се две различни работи.

Јас сум воспитан да се однесувам кон луѓето како што би сакал тие да се однесуваат кон мене. Ова се нарекува почит.

Никој од нас нема да излезе жив од тука, па ве молам да престанете да се однесувате кон себеси како да не сте важни. Јадете вкусна храна. Шетајте кога е сончево. Скокнете во морето.

Добар љубовен состанок е кога сте опиени едни од друг и сè на светот станува добро. Обидете се од време на време да не бидете во право, тоа ќе биде добро за вашето его.

Кога живееш без љубов, не ја вкусуваш и не можеш да ја дадеш, тоа е прилично силна казна.

Забавно е кога си безнадежно вљубен. Тоа е опасно, но забавно е.

Loading...

Related posts

Leave a Comment