Македонија

Ковачки: Ковачевски дезертирал од војска 2001-ва година, прикажувајќи се за трајно неспособен

Денеска откриваме нов скандал за премиерот – дезертер од Армијата на Република Македонија, рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Според информациите кои стигнаа до нас, премиерот Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок и тоа токму во периодот на воениот конфликт во 2001 година, односно не одговорил на повикот на својата татковина кога за тоа бил побаран и кога и’ бил најпотребен.

Како и сите граѓани на Република Македонија кои во тој период служеа во редовите на АРМ, така и сегашниот нелегитимен премиер морал да се јави во војничките редови.

Но повторувам, според информациите со кои располагаме, дезертерот Ковачевски СВЕСНО го избегнал служењето на воениот рок во АРМ.

Причината поради која дезертирал е дека е цитирам трајно неспособен.

Ковачевски кој сега е премиер и ги ужива сите благодети на слободата и на демократијата, којашто ја има бидејќи луѓе загинале за таа слобода и демократија, додека тој бегал од војска, не се јавил на отслужување на воен рок и не се пријавил во 2001 година, иако бил повикан.

Ковачевски е човек дезертер, кој не заслужува да ја води државата.

Го повикуваме дезертерот Ковачевски во рок од 24 часа да каже дали навистина избегал и дали е трајно неспособен, или лажел пред институциите и лекарите?

Да излезе и да каже, во спротивно ќе објавиме се што имаме.

Доколку е навистина трајно неспособен, тогаш мора веднаш да се повлече од премиерската позиција.

Доколку дезертерот Ковачевски бил трајно неспособен да отслужува војска и да ја брани државата, тогаш како е способен да биде премиер?

Дали на чело на владата имаме трајно неспособна личност и дали тоа е причината поради која Македонија е понижувана.

Одговорност мора да има како за дезертерот Ковачевски, така и за целата СДС, коишто наместија трајно неспособна личност на чело на Владата.

Дали Ковачевски е поставен за премиер, токму затоа што е трајно неспособен?

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!