Колумни

Ковачот и смртта – Зоран Курљан

 

Ковачот и смртта

 

Во ниедновреме , кога муграта се уште не беше прснала во зора , Ковачот го истегна вратот , подигаjќи го оросеното чело кон подлактицата , облечена во памучен ракав . Кога пред себе jа здогледа темната сподоба , со една глава извишена над него. Сподобата беше облечена во црна , до земи долга наметка , со ракави – не по човечка мерка , со качулка коjа во потполност го прекриваше лицето на живиот ужас. Но , внатрешниот глас на Ковачот , шепотеше за женска сушност под качулката. Неговите инстинкти беа растревожени од втренчениот поглед надвиснад над него , неподвижен и внимателен, како поглед на гладен удав коj го следи секое издишување на пленот. А издишувањата се проретчуваат од минута во минута… Оросот почна да му го ,, гризе ,, челото како син мраз. Можеби беа поминале неколку дено – ноќни циклуси , а можеби , веќе во следното подтрепнување Ковачот сфати ; од целокупниот роден физикус , каj него , послушни му беа само – очите?! А , и тие , ококорени , чиниш ќе излетаат од сопствената орбита. Но , можеше да ги врти на сите страни , а тоа веќе беше доволна причина за тивка радост. Мачнината во желудникот се закануваше со ,, ослободување ,, на хлороводородната киселина , заедно со остатоците од синоќешната дроб – сарма, надвор од неjзината вообичаена средина . Во исто време , физиолошките сфинктери , му беа притиснати навнатре наместо кон надвор – како што беше навикнал тоj. Морници со големина на детски тупаници му поминуваа низ рбетот , лазеjќи мрзеливо кон тртната коска. Колената , наеднаш му се наполниа со памучна вата и почнаа да се виткаат како боксер во гроги состоjба , под влиjание на хоророт проектиран во главата на Ковачот… Накусо , човекот , беше исплашен , запечатен и очакарен . Да… не познавам ниту еден букмеjќер ( а знам , не една дузина ликови од таа сорта ) , коj би поставил бет против скората зла судба на Ковачот. Но животот имал поинакви планови за иднината на маjсторот над огнот . Неговата ,, пумпа ,, продолжи да jа разнесува крвта низ познатите лавиринти хранеjќи ги гладните органи , особено мозокот , коj пулсираше со фрекфенциjа на квазар. Времето се тегнеше со брзина на стар полжав , секоj миг беше долг како епоха.Но , брзо или споро , времето си проаѓаше ( впрочем , тоа е неговата работа ) , а Ковачот – се уште Жив ! Сувите усни , речиси залепени една со друга , се оттргнаа од блискиот контакт и како од далечина да го слушна своjот глас , за една октава повисоко од гласот за коj што Ковачот можеше да се заколне дека е негов: -Добро… утро ? – ,, Добри ,,утра не постоjат . -Тогаш… какво е ова утро ? -Утро ко утро. Се зависи од тоа како си jа поминал ноќта оставена зад себе.А , и покраj тоа , ова утро е уште влажно и студено.Сохранено: 23.05.2019, Чт, 13:04 Ковачот веќе можеше да прета со прстите во топлите волнени чорапи , а во ушите , сеуште jа слушаше музиката коjа jа источуваше неjзиниот глас и внатрешноста му трепереше од чистината на изговорените зборови. -Jас имам еда мисла , за тоа коjа си Ти, ама да не грешам , џанам , душа – поарно ќе биде ;Ти да ми го кажиш Твоето име? -Чим ме прашаш ,право ќе ти кажам. Смрт е името кое ми го дадовте вие. -Поеднипати мислев на Тебе , ама ниту еднаш не ми беше паднала мисла ; Дума да думам со Смртта. Мислев , ќе се поткрадеш тивко , како асасин вреден – и оооооп , со косата вешто , ќе пресечеш тивко сребрена нитка . Мислев… – Не бев jас асасин во Старото Време. Ме чекаа мирно изморени луѓе. Проводник строен беше моето лице. Низ река , во галиjа тиха ,ги пловев jас во новиот дом. Патот го знаев до нивната цел. – Хааааа, да не бев уплашен , ќе се смеев. Некоj Те чекал Тебе , насмевнат и среќен? -Смеењето е лек коj го лекува стравот , го чисти Духот од секоjа догма. ,,Денот само што започна , а jас веќе се напинам со самата г-ѓа Смрт. Со малку повеќе среќа , исто така , можеше да ми доjде рано, рано и Крчмарката со бокалче вино од Долното лозjе , ама , мене ми направи чест друга дама…,,- неутешително резонираше Ковачот. -И во денот кога лакомоста го надвладеа Бога, почнаа воjни. Во нив, умираа и умираат луѓе во страшна болка и мизер тап. Човечкото тесто се меси постоjано , само се користи во различни пропорции за разни ,, специjалитети,,. Насилството ги натера луѓето да jа пречекуваат смртта неподготвени и изненадени. Невозможно е , да се убедат нивните роднини , во скорбот ( коj е повеќе над себе – отколку над упокоениот- упокоената ) во прелестите на Смртта и неjзината добра мисиjа. Во времето кога светеше Солар и почитуван беше редот на нештата, кога секоj за себе го знаеше денот кога завршува овоземното патешествие и урок , луѓето се простуваа од своите наjблиски , земаа примероци од традиционалните ,, Книга на мртвите ,, и се упатуваа на средба со новото раѓање. Чунки, си видел ли ти куче , маче или живинче друго аљи птица да умира каде-било и како-било. И каj луѓето беше така. А улогата на проводник е моjа од памтивека. Денес , се е наопаку и извртено. Луѓето умираат со патолошка смрт. Се раѓаат во стресни околности и квази-грижа. Никој повеќе не се раѓа со ,, Лотосово пораѓање,, , а тоа што треба да ги храни новите луѓе го мелат во каша и го продаваат како средство за подмладување или замрзнат лек за здравjе вечно. Ги шлапаат по задникот , по петтата точка штотуку покажаните , како да новородениот ( новородената) не знаат кога и како да jа вдишат првата голтка воздух. Некои од вас , како ова ,, добредоjде ,, да не е доволно за младенците, на осмиот ден им jа сечат горната плот на машките деца , и преку шок, ги внесуваат во своето стадо. Системот заснован на Дарвиновата теза за конкуренциjа уште при раѓањето , му го покажува местото на идната можна конкуренциjа. Уште во првите неколку минути во овоземието , им се вмешуваат во имунолошкиот систем на тукушто родениот човек( человек- стремеж за тело вечно), создаваjќи иден , доживотен , ,,клиент,, на фармацевтските корпорации преку нивните ПР агенти – докторите. Во 1908 г. поучени од рокфелеровиот центар , докторската фела се согласи ; да jа отфрли науката за лечење со природни препарати и на нивно место се поjави фармакологиjата коjа едно лечи – друго сакати. Или се занимава со перманентно прикривање на симптомите – никогаш до краj не излечуваjќи ве.Самите фармацевти знаат ; две- три стотини нивни производи ги ублажуваат човечките болки , а останатото е плацебо во разни бои. Кршењето на човекот , продолжува во т.н.,, Училишта,, , кои , заколнати над фалсификатите на класичното образование jа искривуваат вистината и создаваат лажна историjа. Во индустриски размери произведуваат ,,професионалци,, кои немаат практични знаења ниту вештини. Уште, веруваат луѓето во благотворноста на работните навики и следеjќи ги модните трендови ;се вртат како верверици во круг . Дури , и не претпоставуваат креациите од твоjот вид ; -Ослободување од теророт на трудот е патот на човекот , а не воркохолизамот ! Наместо да го барате ослободувањето од продавачите на енергиjа , вие се убивате еден со друг – додека тие го трупаат семеjното богатство по углед на Скруџ Мак Дак( Омилениот карактер на В. Дизни , олицетворение на капиталистичката дрчност). Не може очовечување полно да настапи без познатие на себе си и себе подобниот. А не постои себе познатие кога нема , физички, нема време за себе , за отприсоците околу себе и време посветено на љубената ( љубениот)… -Нема одмор – додека трае обновата( нема одмора- док траjе обнова !) ; се сети Ковачот на детството во црвена титовка и неискрените заклетви дадени во Jаве , кои, никогаш така и не се добраа до ушите на жителите од Наве( Божjото Царство). Можеби , затоа , потоа во нашата младост -се тргна снисходително , тажно , монтирана бомба во темелите на следната творба … Чудни мисли улови Ковачот ; зарем и сега за политика , ти , неутешна душо ?- се самопрекори во себе маjсторот на огнот. -…Надополнување кон стравот и нељубовта кон мене има. Човеците мислат вина е моjа , а таму на полици полни , за скапи пари , се продава отров во пластична маса.Фосфати , глукоминати , нитрати . Хемиска гел во батаци сочни. Црвенило на месо создадено од ламба и хиперманган , ги дразни вашите чула и со анимална незаситност се фрлате врз таа храна , како да нема утре . Растениjа химери , со принцип за категорично нескапување ,пола домат – пола клен. Од такви химери разни , ракови се плодат во живите тела. Нивните внуци за деца ќе молат – а деца ќе нема. -А ,вашите автомобили , авиони , возови … Невнимателноста , премореноста и уште , обврзувачка сома за секоjа згода и… баааааам. Подготвени ли беа ? Мислам дека не беа. -Вие сте моjата храна … , и, наивноста ваша е моjата мана ( Божjа Храна ) – со долги паузи и ладно , заврши Смртта. Ковачот стоеше – шашардисан . Долната вилица му висеше како на зачудено кутре , и само острата болка во долниот , лев секач , го потсети на ладниот воздух коj слободно навлегуваше низ отворената уста. -Jас.. а jас пак помислив … дојдена си по моjата душа. -Доjдена сум каj тебе , но не по тебе. -Со што сум jа заслужил таа чест , ако смеам да прашам ??? -Ти си Ковач , а jас сум Смрт. Смртта jа има своjата коса , а ти беше наjблискиот маjстор коj може да jа наклепа и наостри косава . Намера ми е ; да jа искосам од коров и висока трева , патеката тесна коjа води во Раjот. …Секогаш , кога го раскажуваше ова свое доживување , Ковачот , ги мазнеше густите веѓи побелени , посребрени во тоа утро, кога муграта сеуште не беше прснала во зора.

 

Зоран Курљан

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment