Тенис

КовИдиотите со бизарни напади врз Ѓоковиќ: Не заслужува ниту денар од победата на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ ја освои седмата титула на Вимблдон и додека стигнуваат честитки од сите страни, имаше и такви кои уште еднаш ја искористија приликата да го нападнат српскиот ас.

Новинарот на „Гардијан“ и на „Вашингтон пост“ Бенџамин Батерворт по мечот се нафрли на Ѓоковиќ.

Тој побара од српскиот тенисер да се откаже од 2.361.520 евра кои ги заработи со освојувањето на титулата.

Неговиот твит предизвика многу бурни реакции и налути многу корисници.

„Ѓоковиќ не заслужува ниту денар од наградниот фонд на Вимблдон. Ако сите ние донесовме себични одлуки и ја одбиевме вакцината против Ковид како него, тогаш овој турнир немаше да постои. Тој покажа непочитување кон противникот и љубителите на тенисот. Треба да донира два милиони од наградата за добротворни цели, за сите оние кои се борат со корона или семејствата кои изгубиле сакани поради короната.

Очигледно е дека титулата на Ѓоковиќ им пречеше на многумина во време кога многумина мислеа дека е готов, бидејќи пред него познатиот хејтер на Новак Бен Ротенберг повторно го нападна поради вакцината, но Јелена Ѓоковиќ му одговори.

 

 

Related posts

Leave a Comment