Колумни

Колумна на Зоран Курљан – Сталин,, и,, Пол Пот,, во Белата куќа

 

Деновиве , Сталин и Пол Пот го посетиле Вашингтон и биле пречекани и угостени во Белиот дом.Таков впечаток може да се добие читаjќи ги гневните публикации во американските СМИ , кои jа коментираат посетата на премиерот на Унгариjа во САД. Се чини , обична посета на странски лидер , на покана од претседателот Трамп. Но , не, во западните СМИ вриеше до точка на кипење. Бидеjќи , односите воспоставени во релациите Орбан – Евросоjуз се заоструваат со секоj нов ден , топлиот прием на унгарскиот премиер каj шефот на Овалниот кабинет, многу коментатори го разбрале како густ сигнал за бирократите во Брисел , и , се разбира – воздушест форхенд за Макрон и Меркел ( недостига уште Меj- за да биде цело ! ). И , целиов овоj хепенинг , се случи во екот на европското предизборие. Орбан , ненаметливо , се поjави пред Трамп околувратен со портокалова вратоврска – боjата на победничката , татковинска – по своjот дух партиjа ,, Фидес,,. Да споменеме , само пред два месеци , таа партиjа беше изложена на jавно понижување во евро- парламентот од страна на стерилната и клиентелистичка ЕПП , коjа што во нашиве политички ривали jа паметиме по наизменичната подршка на ДПМиСДС .Разногласието со меин- стрим бриселските бирократи се проjави заради отсечната анти-мигрантска политика на премиерот Орбан , коjа е во спртивставеност со бриселските планови и надежи.Неговите погледи и методи за справување со програмираната бегалска криза , не предизвика воодушевување каj американските СМИ , па така можеше да се прочита :- Ултра- десен националист , беше наjумерената вариjанта со коjа го нарекоа ,,журналистите,,. Изданието VOX го нарекува :- мек фашист , а неговата политика – систем коj има за цел искоренување на инакумислечките сили преку зафат на политичко- социjалниот живот , без потреба за примена на груба сила како и забрана на избори или градење на полициска држава. Т. е. слика на вистински фашист – само без конц-логори. Друго американско издание The Atlantic , го споредува високиот гостин со историски фигури:- ,,Како Jосиф Сталин или Пол Пот , Орбан мечтае да jа уништи интелигенциjата,, . Да, да, станува збор за политичарот коj во 80-тите години на минатиот век беше , млад анти-комунистички дисидент , како што го опишуваше западниот политички бомонд. Сега наеднаш го споредуваат со Сталин , Пот… и се претвори во фашист? Можете да си претпоставите каква беше реакциата на демократската новинарска тупаница , кога претседателот Трамп го нарече своjот унгарски колега :- Политичар , почитуван во цела Европа ?Исто така , го пофали заради успешното справување со нелегалната миграциjа, тема блиска до Трамп.Всушност, главата на Белата куќа , го подржа Орбан во неговата борба со бриселската администрациjа. Во Унгариjа , ваквиот пристап на претседателот на САД , беше прифатен со нескриен ентузиjазам каj членовите и симпатизерите на ,, Фидес ,,. Додуша, и пред успешната посета на Орбан во САД , партиjата ги уживаше симпатиите на унгарските граѓани. Ако , на претходните евро-избори , Фидес освои 51,5% од гласовите , последните анкети покажуваат повеќе од 60%. Впечатлив е и податокот :- Наjблиските политички опоненти заостануваат околу 6-7 % во предизборните анкети. Дополнително , овие избори се и своеврсен референдум за прифатливост на политиките на Орбан и ,, Фидес,, Доколку бриселските бирократи , преку демаршот од ЕПП кон ,, Фидес,, имаа намера да го потикнат и засилат анти-орбановото расположение , сега се ,,публика,, на противположената реакциjа- одговор на унгарскиот народ.

 

На краjот , во предизборната агониjа на Макрон се преплете и обвинението на неговите политички ривали:- Макрон го принуди Орбан да jа прифати отворената преградка на Салвини. Неколку дена пред Орбановата триумфалната посета на САД, во Будимпешта гостин беше Салвини , коj источуваше оптимизам во врска со скорото споjување на неговата Лига ( коjа е неоспорен лидер на анетите во Италиjа ) со,, Фидес,, . Унгарските СМИ го прифатиjа предлогот со ,, ура,,. Отидоа и чекор понатака со предлог -архитектура на ,, оската Будимпешта – Рим,,.-,, Доколку , Вишеградската група се надополни со Италиjа , може да се формира блок на држави во кои живеат околу 120 милиони жители. На Франко- Германската оска , државите од Бенелукс и скандинавците , ќе им биде тешко да го држат тоj блок под контрола,,.Ова го пишуваше он-лаjн изданието на Hungary Todey Но, сепак , наjинтересни се неколкуте тези за Орбан , кои ги постави Салвини, а ги повтори Трамп( на пример тезата за тоа:- Орбан е заштитник на христиjанските општини). П. С. Следеjки ги глобалните текови и настаните кои произлегуваат од тие промени , не можам , а да не се изначудам на инкапсулираноста , анахроноста во стратегиjата на политичкиот македонски естаблишмент. ,,- Каде одиш , Македониjо, и каде те водат твоите ,, светли глави,,?,,

Зоран Курљан

Loading...

Related posts

Leave a Comment