Колумни

КОЛУМНА НА СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ: ИЛЈАДА ГОДИНИ ГО ЧЕКАМЕ ГОДО

Мицов

Од крајот на Самоиловата држава до денес,ние Македонците го чекаме Годо.Нашиот македонски Годо е сублимат на фантазијата друг да ни ги врши обврските: да не брани од освојувачи,да не ослободува од ропства, да ни создава економија,земјоделство,да се бори со корупцијата,да расчистува со домашните предавници и т.н.

За време на османлиското владеење создадовме мит за Марко Крале и чекавме да ги ослободи „три синџири со робје„.Во 18 век се надевахме на Австрија,во 19 век на Русија,за време на Балканските војни – на соседите кои не распарчиа.Денес идиотите чекат на НАТО и ЕУ,иако тие не уништиа.Други пак се надеват дека „Господ ќе не спаси„. Зошто? Ами биле сме библиски народ.Мегутоа, Библијата е вечна,ама спомнатите во неа народи не се вечни.Повеќето од нив веќе не постојат.Веројатно и тие се чекале Господ да ги спаси,наместо сами да се спасуваат.

Александар Македонски и Македонците од почетокот на христијанството заслужиле да бидат библиски херои.Ама не може два милениуми по нив,ние да лежиме на тие херојства и да бараме спас по таа причина.
За сето тоа време не сакаме да разбереме дека да се биде Македонец не е привилегија,а обврска пред предците. Тие се бореjа и умираа за македонското име,а ние секојдневно ги предаваме и нив,и името,и македонскиот идентитет,и македонската историја,и македонскиот јазик.

И обратете внимание,дека тоа одрекување од се македонско се афирмира баш од тие,кои по професија,по должност,по функција треба најмногу да го бранат исторчари,синод,интелектуалци.Во суштина,наводни историчари кои немаат ништо македонско позади себе,владици кои лижат по список бугарски,грчки,српски газови и бараат „мајка„ за македонската Црква по целиот Балкан.

За политичари воопшто не зборувам,затоа што од 1990 г. наваму,во Македонија нема ниту еден политичар Македонец по самосвест,по дух,по карактер и дејствување. Кога „изродите„/по Гоце Делчев/ се денес доминантни во целото тукашно општество,зошто Господ мора да спасува такви немакедонци? Поткрепа и спас заслужуваат тие кои умираат за својата македонска кауза,а не
тие кои ја предават и продават на секое странско ѓубре,кое се довлечка во „нашата земја„.

Гледаме како Русите лијат крв за своите уништувани сонародници во Украина,додека ние одамна ги пречкртавме нашите заробени Македонци во Пиринска и Егејска Македонија и во Албанија.

Сепак,иако не заслужуваме,Господ ни е давал десетици шанси да се извлечеме од предавството и срамот кон нашите македонски предходници од антиката и средниот век.Само што,ние не само ги прокоцкавме,но и се исмејуваме врз тие шанси.Има ли друг народ во светот каде во едно семејство неговите членови се изјаснувале под неколку различни националности?

Патописците од почетокот на 20 век биле вчудоневидени од такви факти,кои не биле малку. Еден зел пари од бугарската пропаганда,друг од грчката,трет од српската и се пишале соодветно Бугарин,Грк,Србин.Добро што немало поголем број пропаганди.Тогаш Македонија била најбогатата провинција на Османлиската Империја и Македонците не биле сиромашни за да се продават.Но го правеле од итроманство,зар парите не мирисат.По истата причина „за повеќе парички“ масовно емигрирале во соседните држави,независно од фактот што добиеното во Бугарија на пример,било приближно толку,колку ќе заработеле и во Македонија.Денес е истото.Земаат бугарски пасоши и емигрираат на Запад да бидат чираци на тамошните колонијални ѓубриња.Затоа што, јас таму богат Македонец уште не сум видел.Ниту пак во Канада и САД.Некој
отворил кафуле,мал ресторан,ситна фирма,мотелче.Толку.Сето тоа и повеќе можеа да го имаат во Македонија, ако наместо да емигрираат/милион за три децении/ се бореа за неа,тука,на лице место.

И сега се враќаме кон првичниот проблем.Македонецот одамна е заборавил да се бори и да се жртвува. Затоа и во Илинденското востание,а посебно во антифашистичката борба/24 000 убиени од бугарските окупатори/ жртвите се пред се мегу мирните жители,а не меѓу партизаните.Ако секој од убиените држеше пушка и даваше отпор едвај ли ќе имаше толку жртви.При тоа и самите партизани во 1941 г. биле 1000,во 1942 г. – 2000,а во крајот на 1944 г. кога веќе Русите се до нас,бројот на партизаните се зголемува на 66 000 луѓе. Сосема на место е анегдотата дека некој здраво натепал и ограбил 4-5 Македонци. Кога ги прашале како е можно
тоа,тие се правдале дека напаѓачот бил многу агресивен а тие биле сами.При тоа и рацете им биле зафатени. Со што? Со пиштоли и бомби.

Затоа нема ништо чудно дека во 2001 г. цела Македонија капитулира пред неколкустотини терористи.Не е чудно што само за три децении изгубивме држава,која ни беше дадена на тацна.Со таков менталитет на прилагодуване,со такво итроманство и лесно поткупување,со таква страшливост и желба за индивидуален спас /од тука и пословицата „Секоја коза за своја нога„/,Македонија никогаш нема да воскресне.

На 12 март,за поткрепа на Русија во нејзината борба против новиот светски фашизам,се собравме околу 150 луѓе.Воопшто немам сомнеж дека ако Русите дојдат на Балканот како во 1944 г.,ќе ги слават не помалку од милион нашински „патриоти„ на чело со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.Сите „репресирани„ и спремни за државни функции.

Во прилог на тоа што пишувам и на македонската итроманштина да чека Годо,е фактот дека потпиша- ните договори од македонските влади се правно незаконски.Нема спор дека сите македонски политичари се предавници,при тоа глупи.Но пак прави впечаток дека кога прават криминал во свој интерес,добро се обезбедуваат преку регуларни законски акти.

Во истото време при договорите со Грција и Бугарија,како и при фалсификуваните пописи од 2002 и 2022 г. правната неписменост е очигледна дури на студентите .ЕДНОСТАВНО КАЖАНО,

СИТЕ ТИЕ ДОГОВОРИ И ПОПИСИ МОЖЕ ДА ПАДНАТ ВЕДНАШ,БЕЗ НИКАКВО ГЛАСАНЕ ВО СОБРАНИЕТО.Ете го итроманството на политичките предавници.При зачување на досегашната геополитичка состојба Македонија нема да постои и тие ќе профитираат од своето предавство.Но ако геополитичката состојба се смени,ќе се обидат да се извлечат дека намерно направиле договорите и пописите неважечки за користење.

Кратко кажано,и наводната елита и народот го чекаат Годо.Првите крадат,уништуваат,но и се спремаат за евентуални трансформации.Вторите чекат како „стока„/по Стево Црево/ во кланицата за некое чудо.

Но дури да стане чудо,зомбирани суштества не се потребни на никого.

СТЕФАН ВЛАХОВ – МИЦОВ

Related posts

Leave a Comment