Свет

Конашенков: Во Украина ликвидирани 1.035 странски платеници

 

МОСКВА – Руската армија ликвидирала 1.035 странски платеници во борбите во Украина, потврди денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Тој изјави дека уште 912 платеници одбиле да учествуваат во борбите и побегнале од Украина.

Конашенков рече дека, според податоците на руското Министерство за одбрана, на страната на Киев во Украина се борат 4.877 странски платеници.

Тој изјави дека од почетокот на конфликтот во Украина пристигнале 6.824 странски платеници од 63 земји, а повеќето од нив се од Полска, САД, Канада, Романија, Велика Британија и Грузија, пренесува агенцијата „Интерфакс“.

Според Конашенков, најмногу платеници се борат за украинските сили во Киев, Харков, Одеса, Николаев и Мариупол.

Related posts

Leave a Comment