Свет

КОНВОИ ПРОТИВ КОВИД-МЕРКИТЕ: Илјадници камионџии ширум светот се организираат и протестираат против затворањето на државните граници

КАМИОНЏИИ од северноамериканскиот континент во саботата се довозеа до канадската престолнина Отава, а Австралијците ги стартуваа машините додека подготвуваа марш со автомобили до Канбера. Судејќи според најавите на интернет плакатите, се подготвуваат маршеви на европските возачи до Брисел, а сето тоа поради затворањето на државните граници поради мерките против короната.

Иако мејнстрим медиумите сè уште не известуваат целосно за бунтот на возачите на друмските крстосувачи, тие беа поддржани од најбогатиот човек на светот, Илон Маск. И политичарите со страв го следеа епилогот од необичниот бунт во саботата, предупредувајќи дека камионџиите се „рбетот“ на синџирот на снабдување и дека ако „рбетот“ се скрши, многу  продавници ширум светот ќе останат без основните артикли.

Револтот пред неколку дена го започнаа канадските возачи, кои се кренаа против ковид пасошите и задолжителните карантини за невакцинираните возачи во Канада. Како што стојат работите, најголемата колона камиони некогаш видена е формирана во Канада.

50.000 од нив се упатија кон канадската престолнина, каде во текот на денот се очекуваше нивното пристигнување. Движењето „Конвој на слободата“ за неколку дена се рашири како шумски пожар низ светот, а први се организираа американските превозници, кои тргнаа кон Канада да им помогнат на своите колеги.

Австралијците, исто така, се незадоволни од ограничувањата за ковид во Канбера и околу 66.000 возачи на камиони во моментов подготвуваат конвој што ќе пристигне во нивниот главен град до 31 јануари. Најавени се неколку конвои низ Европа кои планираат патување кон Брисел. Телеграм група со повеќе од 14.500 членови собира конвои низ Стариот континент за да се состанат во главниот град на ЕУ.

Еден од сопствениците на трговска компанија со седиште во Флорида, Деандре Махдео, за американските медиуми изјави дека имал возбудливо збогување од Флорида, од каде заминал за Канада и дека додека возел добил поддршка од стотици луѓе од сите возрасти кои учесниците во протестот ги нарекуваат херои, па дури и борци за слобода. Граѓаните им делат слатки и грицки на камионџиите на паркинзите, а парите за гориво стигнуваат преку апликациите.

„Мораме еднаш засекогаш да ставиме крај на овие ограничувања“, рече Махдео за Epoch Times, посочувајќи на лудите рестриктивни прописи на границата меѓу двете големи земји.

Низ областа Торонто, поддржувачите на надвозниците ги бодреа конвоите во саботата додека се движеа по најпрометните товарни рути во Канада.

ТРУДО ГИ РАЗГНЕВИ НЕВАКЦИНИРАНИТЕ

Гневот на камионџиите дополнително го разгоре и неодамнешниот коментар на канадскиот премиер Џастин Трудо, кој со неизбрани зборови им се обрати на луѓето кои ја бараат својата слобода, нарекувајќи ги мизогени (мразители на жени).

Во коментар од саботата, тој рече:

– Мала маргинална група на луѓе кои се на пат за Отава, кои имаат неприфатливи ставови кои ги искажуваат, не ги застапуваат ставовите на Канаѓаните!

Во меѓувреме, премиерот отиде во самоизолација бидејќи наводно бил во контакт со позитивни луѓе.

ЗА ОСТАВКИ

Во својот манифест, европските камионџии велат дека се залагаат против вакциналните пасоши, за здравствените слободи и за оставки на европските функционери.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!