Свет

Конфликтот во Идлиб ескалира, можен директен судир меѓу Русија и Турција

Ескалацијата на воените акциии на Русија и Турција во сириската провинција Идлиб го зголемува ризикот од директен конфликт меѓу двете земји вклучени во војната во Сирија, пишува Ројтерс.

Агенцијата потсетува дека не делат само неколку дена од самитот на рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Таип Ердоган, на кој треба да се договори прекин на огнот.

И двете држави рекоа дека се надеваат дека отворен конфликт меѓу нив нема да се случи, но Турција ги засили нападите врз сириските сили поддржани од Русија, додека руската полиција во исто време помогна да се консолидира контролата врз градот преземен од бунтовничките сили кои уживаат поддршка од Анкара.

Турција претрпе најголеми жртви во четвртокот, со 34 загинати во еден ден, Анкара тврди дека жестоко се одмаздила и дека срушила три сириски воени авиони, осум борбени хеликоптери и уништила голем број тенкови.

„Мора да прифатиме дека инцидентот ги засили тензиите меѓу двете држави. Турција не сака да се судри со Русија на кој било начин, а ниту Русија“, рече турски службеник за безбедност, предупредувајќи дека „бојното поле е друга приказна“. .

„Ситуацијата е многу сложена, а најголем ризик е случајниот напад едни на други“, рече официјалниот претставник.

Членката на НАТО, Турција ја има втората најмоќна армија во Алијансата. Русија, нуклеарна моќ, има голема воена база во Сирија и распореди воени бродови во Средоземното Море минатата недела.

Related posts

Leave a Comment