Соопштенија

Координативно тело на Македонците во Европа : Нато и Македонија

Фотографија на Координативно тело на Македонците во Европа.

Нато и Македонија

Во моменти на најголема светска здравствена и економска криза, полициски час, вчера и официјално С…Македонија стана член на светската воена органицација , НАТО.
Скоро сите парламентарни партии што учествува во процесот на менување на Уставот, го поздравија овој за нив свечен чин и реализирање на триесетгодишниот нивен напор .

На нивните честитки проследени со плутонски пискотници , сосем различни од оние од Галичник, се надоврзаа голем број на медиуми и политички личности , како од земјата така и од надвор, како на пример од Унгарија.

Сите среќни и задоволни со постигнатото.

А што всушност тоа подразбира ?

 

1.Со самото менување на име и договорот од Преспа, Македонците повеќе не постојат и како коси црти ќе бидат застапени во регистарот на сите светски организации .

2. Нато и искуството со војната од 2001 во Македонија, подразбира терористичка организација која транспарентно ги создаде условите на разнебитнување на државата и им даде воена и логистичка подршка на оние , кои се дрзнаа да ја нападнат државата . Сега во истата оваа организација ќе треба да се гордееме и учествуваме.

3. Државниот буџет ќе биде годишно олеснет за околу 250 милиони долари, кој и така е веќе неподнослив за обичниот народ.

4. Учество на македонските војници во агресивните војни на организацијата насекаде во светот.

5. Слободно користење на полигони те и територијата за интересите на истата, што подразбира еколошко загадување и ураниумски и други штетни материи по здравјето на луѓето.

Дали сите овие “придобивки” заслужуваат коси црти?

Сигурно не, Ние сме Македонци
Не за НАТО, Не за ЕУ како с…..

Координативно Тело на Македонците -Европа
Женева, 28 март 2020

Loading...

Related posts

Leave a Comment