Соопштенија

Координативно тело на Македонците во Европа : Осуда на негаторската политика на ЕУ кон Македонија

Фотографија на Координативно тело на Македонците во Европа.

Негацијата на Македонскиот јазик и историја како главна вредност во принципите на ЕУ за отпочнување преговори со Македонија

Македонците во Европа , со голем гнев и разочараност го осудуваат заклучокот и ставот на Советот на ЕУ од 25 март годинава, во кој се внесени забелешките на Бугарија за отпочнување на идни преговори .

Имено, Бугарија како сосед и земја членка на ЕУ , отворена бара од македонската страна, да се откаже од македонскиот јазик и да се употребува само службениот јазик на “северна.” Истовремено се оди и дотаму, да се откажеме од Македонците во Бугарија како и прифаќање на прекроената историја , односно препишување на македонските најзначајни дејци како Бугари.

Со прифаќањето на овие бугарски барања , ЕУ ги погазува своите сопствени вредности и принципи содржани во Договорот на Европската Унија , каде експлицитно се наведува во членот 4
“ ЕУ ги почитува и се залага за националниот идентитет на секоја држава “ како и промоција и реализирање на националните културни и историски вредности ( член 167).

Појдувајќи од фактот што ЕУ се “заснова” на почитување на основните вредности за човечко достоинство, слобода и демократија во правна држава и има за цел почитување на различните култури и јазици (член 2 и 3), тогаш се поставува логично прашањето , дали Македонецот за неа (ЕУ) e човечко суштество и како таков има свое достоинство и вредност?

Во што е разликата со другите народи и идентитети?

Дали Македонецот се препознава во ваква дискриминаторна организација каде наместо вредности и принципи, постои уценување и потчинетост !

Со овој чин, ЕУ преку подршката на договорите со Грција и Бугарија и нивно вметнување како главен услов за понатамошно отворање на 35 те поглавја за преговори , јасно ни дава до знаење дека координацијата помеѓу овие анти македонски чинители е перфектно усогласена и ќе остане ваква се до конечното исчезнување на Македонецот како таков.

И покрај сите премрежја со кој се среќаваме, Македонците во Европа ја продолжуваат својата борба за промовирање на националните вредности преку изучување на македонскиот јазик култура и историја.

Никогаш с….
Секогаш Македонија

Женева, Брисел, Лондон , 25 април, 2020 година.
Координативно Тело на Македонците во Европа

Loading...

Related posts

Leave a Comment