Соопштенија

Координативно тело на Македонците во Светот: Предлог Законот за државјанство како финална етапа во дезинтеграција на Македонија

Предлог Законот за државјанство како финална етапа во дезинтеграција на
Македонија

Македонците во светот, најостро го осудуваат и отфрлат предлог Законот за
државјанство, поднесен од Владата со европско знаменце до Собранието на Македонија.
Критериумуте и условите кои се наведуваат во предложениот закон, се надвор од
европската регулатива и преставуваат предмет на потсмев и правна нејзина деградација
и игнорација.

Во ниту една од државите на ЕУ не постојат критериуми кои соодејствуваат на
предложените од Владата, како платени сметки за вода, струја, лекар, штедни книшки,
школо, непознавање на јазикот ..

Напротив, како за споредба , главни критериуми и услови се јавуваат, престојот во
државата од 10 до 12 години, успешно интегрирање во системот и неповредување на
правниот систем , да не преставува закана по внатрешната и надворешна безбедност на
државата, почитување вредностите на нацијата, познавање многу добро на јазикот Б1
(спрема европскиот систем на класификација на познавање на јазиците -СЕРЛ). Така е
во Швајцарија, Франција, Белгија, Италија…

Во суштина , целта на донесувањето на овој закон кој првично беше предложен од
албанските политички структури, е задоволување на нивните апетити и враќање на
предизборниот долг на владејачката партија спрема нејзините коалициони партнери, а
кое воедно е и дел од таканаречената Тиранска платформа.
Со тој подмолен политички чин кој де факто , ќе биде увертира за престојниот најавен
попис на населението, буквално ќе се создадат сите услови за дезинтеграција и
федерализација на Република Македонија.

Имајќи ја во предвид, сериозноста и опасноста од предложените владини мерки, ги
повикуваме македонските политички сили во парламентот и надвор од него, да го
оспорат и бојкотираат овој анти европски закон за државјанство а воедно и да го
спречат и одложат најавениот Попис за попишување на сите “Албанци “ надвор од
државата.
Координативно тело на Македонците во Светот

22 јули , 2021 година
Женева, Лондон, Брисел, Њујорк, Мелбурн

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!