Свет

КРАЛ ЧАРЛ III: Новиот британски монарх!

 

Новиот британски монарх ќе владее како крал Чарлс Трети, потврди денеска Кларенс Хаус, резиденцијата на принцот од Велс.

Кралот Чарлс Трети утре ќе ѝ се обрати на нацијата во неговиот прв говор по смртта на неговата мајка Елизабета Втора, изјави неговиот портпарол, пренесе Ројтерс.

Британската премиерка Лиз Трас разговараше со кралот Чарлс Трети откако даде изјава пред нејзината канцеларија во Даунинг стрит за да и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора и да ја повика Британија да се обедини околу новиот монарх, изјави нејзиниот портпарол.

Тој рече дека секретарот на кабинетот и кажал за смртта на кралицата во 16:30 часот и дека подоцна денеска ќе одржи состанок со нејзините министри кои ќе бидат вклучени во настаните во чест на кралицата.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!