Свет

Кремљ одговoри на критиките на Тереза ​​Мај за идеите на Путин за либерализмот

Меј да рече дека не го споделува ставот на Путин дека “либералната идеја стана застарена”

 

 

 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, инсистира на тоа дека рускиот претседател Владимир Путин беше во право кога рече дека либералната идеја е застарена.

“Јас не би се согласил со британскиот премиер Тереза Меј,можеме и треба да го споредиме животот во Русија и во Европа или во други земји во светот, сите имаат свои предности и мани, но невозможно е да се спротивставиме на еден систем на вредности,а друг да критикуваме. Освен тоа, ние сме раководени од изјавите што ги даде претседателот Путин во интервјуто за Фајненшал тајмс “, им рече Песков на новинарите во четвртокот.

Во интервју за Фајненшал тајмс во јуни, претседателот Путин рече дека верува оти либерализмот “ги надживеал своите цели” и “станал застарен”. Според неговите зборови, современата либерална идеја дојде во спротивност со интересите на огромното мнозинство на населението. Тој истакна дека западните партнери на Русија, исто така признаа дека некои од неговите елементи, како што е мултикултурализмот или негирањето на традиционалните вредности, едноставно се нереални. Но, тој истакна дека е уверен дека либералните идеи не можат да се отстранат и треба да продолжат да постојат.

Во својот говор на Кралскиот институт за меѓународни односи, или Четам хаус, во средата британскиот премиер Тереза ​​Мај рече дека не го споделува ставот на Путин дека “либералната идеја стана застарена”. “Ова е цинична лага. Никој кој ги споредува  квалитетот на животот или економскиот успех на либералните демократии како Велика Британија, Франција и Германија со оној на Руската Федерација нема да заклучи дека нашиот систем е застарен. Но фактот што тој се чувствува охрабрено да го критикува тоа денес, укажува на предизвикот со кој се соочуваме додека бараме одбрана за нашите вредности “, рече таа.

Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ со жалење изјави дека немал можност “да го следи говорот на г-ѓа Меј” во средата, додека го придружувал рускиот претседател на неговото патување до  Валаам. “Овие дискусии [за либералната идеја] не изгледаат толку акутно од таму”, истакна тој.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!