Европа

Кристине Ламбрехт: Испорачавме ракетни фрлачи во Украина

ракетни фрлачи

БЕРЛИН – Германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт денеска соопшти дека Германија и ги доставила бараните ракетни фрлачи на Украина.

Станува збор за три системи за тешко вооружување од типот Марс II.

Покрај тоа, на Украинците им биле предадени три противтенковски хаубици.

Ламбрехт најави дека ќе следи испорака на системот за воздушна одбрана Ирис-Т и три оклопни возила.

Ракетните лансери „Марс II“ се систем долг 7,07 метри и широк 3,25 метри, кој може да истрела 12 проектили земја-земја за една минута, двојно повеќе од американскиот систем „Химарс“, а може да погоди цел и до 80 километри.

Related posts

Leave a Comment