Политика

Кристин Лагард и Урсула Вон дер Лејен, “човечкото лице” на дивиот неолиберализам предводен од ЕУ

Во време кога идеологијата на политичката коректност се претвори во вид на планетарна диктатура, ставањето на две жени на водечките позиции во ЕУ претставува впечатлив пример за политички маркетинг. Обидот, кој никој не го крие, е да зад овие две женски фигури се задскријат, уште полудите и построги мерки за заштеда, кои европските народи ќе бидат принудени да ги истрпат.

 

 

 

Кристин Лагард и Урсула Вон дер Лејен всушност се познати како вистински чувари на овие политики за неолиберални заштеди, кои, каде и да биле применети, предизвикале само голема штета. За обичните луѓе, се разбира, додека богатите продолжија да ги билдаат своите веќе ионака преполни банкарски сметки и скриени трезори.

Французинката Кристин Лагард  пристигнува на чело на Европската централна банка, откако го водеше  Меѓународниот монетарен фонд, вистинското засолниште на неолибералната идеологија. Таканареченото “спасување” извршено од оваа институција е добро познато и во реалноста, тие само создадоа вистинска хуманитарна катастрофа. Во врска со тоа, доволно е да се потсетиме на Латинска Америка во времето кога ММФ беше предводен од друг Французин, Мишел Камдесус.

Кристин Лагард му понуди на Маврициус Макри во Аргентина во својот сегашен мандат пакет помош од 57 милијарди долари. Резултатот беше латиноамериканската земја  се врати во бездната од која успеа да излезе благодарение на работата на перонистичката влада на Нестор и Кристин Киршнер. Инфлацијата е галопирачка, невработеноста рапидно расте, а сиромаштијата постојано расте дури и кај оние кои сеуште имаат работа. Ова се штетните ефекти на неолиберализмот на сите географски ширини на планетата.

Урсула Вон дер Лејен е германска политичарка родена во Белгија, која Европскиот совет ја означи како следна претседателка на Европската комисија. Во споредба со својата некритичка и идеолошка поддршка на неолиберализмот, дури и јастреб како Волфганг Шаубл, сега претседател на Бундестагот, или во минатото министер за економија и моќен чувар на европските строгости, се чини умерено строг.

Идната претседателка на Европската комисија за време на кризата во Грција, кој тогаш се “спаси”, и предложи  на Грција да стави хипотеки на нејзините национални резерви на злато, како гаранција за заемот одобрен од меѓународните кредитори.

Овие меѓународни доверители беа германски банки, кои се покажаа како најмногу изложени на ризикот од најавените политички одлуки во Атина. Но, овој став беше толку екстремен што дури и германската влада мораше се огради од него.

Понатаму, меѓу германците таа е позната под прекарот “Зенсурсула” , комбинација на зборовите “Zensur” Цензура на Германски и “Урсула”.

На кратко, операцијата на нивно именување на новите функции се вклопуваат токму со желбата да се продолжи со спроведување на тапи нео-либерални политики, но овој пат користејќи се со човечки ликови,  фокусирајки се на широко распространетото чувство на политичка коректност, како што е родовата еднаквост.

Всушност, доказ на тоа му дава токму Кристин Лагард, која кога ја прашаа за оданочувањето на богатите, во име на еднаквоста, рече: “Јас не се согласувам дека оданочувањето на богатите е начин за ефикасно намалување на нееднаквостите. Мислам дека најефикасен начин е да се елиминира родовиот јаз меѓу мажите и жените “.

 

НАТО И ММФ НА ЧЕЛО НА ЕУ

Освен овие две карактеристики кои ги поврзуваат Кристин Лагард и Урсула Вон дер Лајен, две жени, кои ќе ги водат клучните институции на ЕУ, да се потсетиме дека германската министерка за одбрана со испораката на оружје за војниците во Киев, беше еден од архитектите на војната во Украина. Таа го поддржува и живее за НАТО и за европското вооружување, со или без САД.

За претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, нејзината улога е доволна, со оглед на тоа дека  ММФ е агенција за финансиска доминација,која својата суровост ја остварува во земјите должнички, а нешто во врска со тоа знаат во Латинска Америка и Грција.

Овие две претставнички на конзервативната и воено-хушкачка-западна елита се едногласно прифатени да ја предводат Европската комисија и ЕСБ.

Ова значи дека таканаречените суверенисти, вклучувајќи ги Италијанците, се тешки будали кои политичките поени ги купуваат на мигрантите, а се  слуги  таму каде наводно нивниот суверенизам е исклучително важен.

Да, дури и владите на левиот центар, од Шпанија до Грција,се исто така, внатре во играта, што значи дека ЕУ е се повеќе држава- партија, каде што атлантистичката десница носи правила,а сите останати ја подржуваат.

Не можеме да бидеме против остри мерки на штедење, за социјална еднаквост и мир, а потоа не сакаме ЕУ да се сруши и на крајот  истатата таа  ЕУ да ја предадеме во рацете на  НАТО пактот и ММФ.

Во недна пишана критика за империјализмот не наоѓаме опис на сила што е толку очигледно водена од финансиите и воено-индустрискиот комплекс како нова Европска Унија. Да се ​​спротивставиме на ова е најчесното нешто што можеме да го сториме денес.

 

Извор : Логично.хр

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!