Свет

Лавров: „Заканата од Трета светска војна е реална“

Во Москва се сретнаа рускиот министер за надворешни работи Лавров и министерот за надворешни работи на Киргистан Казакбаев

Москва ќе ги продолжи мировните преговори со Киев и конфликтот ќе заврши со договор, но неговата содржина ќе зависи од воената ситуација

Русија се обидува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервјуто во понеделникот вечерта, предупредувајќи дека заканата од Трета светска војна е „сериозна“ и „реална“.

Русија се обидува да ја елиминира заканата од нуклеарна војна и покрај „големите ризици во моментов“, изјави Лавров за руската државна телевизија.

– Не сакам вештачки да се зголемуваат овие ризици. Многумина би го сакале тоа – рече тој.

Во контекст на невидени тензии меѓу Русија и Западот поради руската офанзива против Украина, Лавров предупреди на „реалната“ опасност од Третата светска војна, пренесува агенцијата Франс прес.

– Опасноста е сериозна, реална. И не смееме да ја потцениме – изјави рускиот министер за надворешни работи, пренесува Интерфакс.

Москва ќе ги продолжи мировните преговори со Киев и конфликтот ќе заврши со договор, но неговата содржина ќе зависи од воената ситуација.- Добрата волја има свои граници. Ако тоа не е взаемно, не придонесува за преговарачкиот процес – рече тој,  пренесуваат руските агенции.

Тој го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски – поранешен актер – дека „се преправа“ дека преговара.

– Тој е добар актер (…), ако внимателно гледате и прочитате што вели, ќе забележите илјада противречности – изјави шефот на руската дипломатија.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!