Свет

Лавров за американските воени бази во регионот: „Никој во Централна Азија не сака да биде заложник на Америка“

Лавров: Ситуацијата во Авганистан се влошува, доколку е потребно, ќе ангажираме база во Таџикистан

САД се обидуваат да го обезбедат своето воено присуство во регионот по повлекувањето од Авганистан и со тоа да влијаат на ситуацијата, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, коментирајќи ги можностите за формирање американски воени бази во Централна Азија. Тоа не би било во интерес на безбедноста на регионот, посочи тој.

„Главното прашање за Американците е : ако оние кои имаа 100,000 војници на НАТО таму (во Авганистан) во одреден момент, не успеаја да постигнат ништо за 20 години, додека беа во самата земја, какви резултати имаат намера да постигнат со многу помало присуство надвор од “границите на Авганистан?”, праша Лавров на прес-конференција по состанокот со неговиот судански колега.
Одговорот, вели тој, е јасен.

„Пред се, постои желба едноставно да се обезбеди нивно воено присуство во тој регион и со тоа да се влијае на ситуацијата. „Тоа сите го сфаќаат и сите ќе поаѓаат од оние обврски што постојат во рамките на различни структури“, рече рускиот министер.

Коментирајќи ги изгледите за формирање американски бази во Централна Азија, тој изрази сомнеж дека која било земја во регионот би била заинтересирана да стане заложник на американската политика.

„Не мислам дека би било од нечиј интерес да стане заложник на таквата политика , на ваквите намери на САД, предизвикувајќи одговор“, рече Лавров.

Лавров посочува дека прашањето за присуство на странски сили на територијата на земјите на ОДКБ треба да се усогласи во самата организација.

Формирањето на нови воени бази не би било во согласност со безбедносните интереси во Централна Азија, нагласува рускиот министер.

„Не треба да ги прашуваме нив (САД) за плановите на земјите во Централна Азија, туку тие земји. Што се однесува до другите земји од Централна Азија – Казахстан, Таџикистан, Киргистан – тие се членки на ОДКБ. „Сите прашања во врска со присуството на странски војници на територијата на која било членка на ОДКБ треба да бидат усогласени во рамките на самата организација“, рече тој.

Да потсетиме, Вашингтон брзо ги повлекува своите сили од Авганистан, 20 години од почетокот на мисијата.

Related posts

Leave a Comment