Свет

Лавров на средбата со Трус: Уцената кон Москва е контрапродуктивна

Шефот на руската дипломатија денеска се сретна со шефот на британската дипломатија. Сергеј Лавров ги оцени како контрапродуктивни заканите на Запад упатени до Русија, пишува АФП .

„Идеолошките пристапи, ултиматумите и заканите не водат кон ништо“, рече Сергеј Лавров на почетокот на средбата во Москва со британската колешка Лиз Трус. Тој изрази жалење што „многу наши западни колеги имаат страст за ваков тип на комуникација“. Ако Лондон сака да ги подобри односите со Москва, „секако дека ќе одговориме на ист начин, бидејќи не можеме да бидеме задоволни со меѓусебните односи кои се на најниско ниво“, рече Лавров. Сепак, „односите може да се нормализираат само преку дијалог со взаемно почитување и на еднаква основа (…) со цел да се изнајдат решенија кои би биле заемно прифатливи“, нагласи тој.

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трус рече дека дошла во Москва за „да ја повика Русија да помине кон патот на дипломатијата“.

„Војна во Украина би била катастрофа за рускиот и украинскиот народ и за европската безбедност“, рече таа. „Постои алтернативен пат, дипломатски пат, кој избегнува конфликти и крвопролевање“, додаде таа.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја информираше Трус за неподготвеноста на Киев да ги спроведе договорите од Минск. „Темелно ја објаснивме ситуацијата околу неподготвеноста на Киев да ги спроведе договорите од Минск бидејќи украинскиот режим не само што не сака да ги исполни, туку и отворено ги отфрла“, рече Лавров. Според него, Русија, исто така, „објаснила какви чекори преземаме за да ги убедиме оние кои имаат влијание врз режимот во Киев да ги принудат украинскиот претседател Владимир Зеленски и неговата влада да ги спроведат своите обврски од тие договори, поддржани од Советот за безбедност на ОН “, рече Лавров. Тој додаде дека Москва и Лондон на различни начини ги толкуваат договорите од Минск. „Имаме различни толкувања на договорот, иако не разбирам како е можно да има различни толкувања на напишаното црно-бело.

Договорите Минск 1 од 2014 година и Минск 2 потпишани една година подоцна, по долги преговори, се обидоа да се договорат за примирје во Украина. Посредници меѓу Украина и Русија беа претставници на Франција и Германија и на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Преговорите пред потпишувањето на Договорот Минск 2 траеја дури 16 часа. Договорите се договорија за демаркациона линија меѓу Украина и прекин на огнот, повлекување на тешката артилерија од пограничните области, размена на затвореници, забрана за понатамошно гонење на луѓето од спротивната страна, мониторинг на ОБСЕ и економска и хуманитарна реконструкција.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!