Свет

Лавров предупредува: Можна војна со НАТО! Шолц одговара: НАТО нема да попушти!

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека испраќањето мировници во Украина може да доведе до директен конфликт меѓу Русија и НАТО.

Минатата недела полските власти објавија дека меѓународната мировна мисија треба да биде испратена во Украина и да и се дадат средства за одбрана.

– Се надевам дека разбираат за што зборуваат – им порача Лавров на професорите и студентите на Московскиот државен институт за меѓународни односи.

– Ова би бил директен конфликт меѓу вооружените сили на Русија и НАТО, кој сите се обидуваат да го избегнат, за кој веќе кажаа дека во принцип не треба да се случи.

Москва го обвини Киев дека ги одложува мировните преговори со давање предлози кои се неприфатливи за Русија. Киев одговори дека е подготвен за преговори, но дека нема да се предаде или да прифати руски ултиматуми.

Лавров рече дека украинските власти се откажале од сопствените предлози во преговорите, што го отежнува постигнувањето на исчекор.

– Преговорите се тешки бидејќи украинската страна постојано го менува мислењето и се откажува од сопствените предлози – посочи Лавров.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека разговорите со Русија биле тешки и понекогаш на работ на конфликт.

Шолц: НАТО нема да се откаже

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска вети солидарност на Германија со Украина и во исто време подвлече дека НАТО не смее да се меша во војната со Русија.

– Претседателе Зеленски, Украина може да се потпре на нашата помош – рече тој во Бундестагот.

Тој потсети дека Германија испорачува оружје и опрема од почетокот на војната и дека заедно со своите партнери воведе санкции кои досега не постоеја и кои се на сила, а постојано се заоструваат.

Шолц рече дека ги слушнал гласовите на оние кои бараат зона на забранети летови или мировни сили на НАТО во Украина.

– Колку и да е тешко, нема да се предадеме. Мора да остане дека нема да има директна конфронтација меѓу НАТО и Русија. НАТО нема да биде страна во војната – подвлече германскиот канцелар.

Related posts

Leave a Comment