Колумни

ЛГБТ заедницата низ историјата прави најголема штета за групите кои се маргиналзиирани по однос на нивната сексулана ориентација.-Реџеп Исмаил (Хактан)

 

 

Слободата не е дело на МИСЛАТА туку на ИСТОРИЈАТА!

ЛГБТ заедницата низ историјата прави најголема штета за групите кои се маргиналзиирани по однос на нивната сексулана ориентација. Таа, како шака пудлици и перјаници на политичката елита, не само што не покажува солидарност со обичниот народ (од кој впрочем и бара солидарност) туку ги афирмира и репродуцира наративите на политичко-економската елита.

На пример денешната ЛГБТ парада кај нас – настрана од тоа што беше збирштина на стрејтери, НГО-аши кои се само во борба за поголеми социјални поени како личен „капитал“ за релевантност при борбата за учество во безкорисните НГО-ашки проекти – не покажа никаква солидарност со социјално погазениот и национално понижениот македонец. Напротив, дури тој меѓународен шовинизам и империјализам се афирмира и перпетуира од страна на оваа група. Тие, покрај тоа што целосно замижијa пред оваа неправда која се прави над „небањатиот“ македонец, целосно го поддржаа сиот тој меѓународен шарлатанизам преку кој директно се атакува врз националното достоинство и врз идентитетот и интегритететот на Македонија. Покрај тоа, уште и учествуваа во милитаристичката кампања за НАТО-вското силување на земјава. Па дури може да се каже дека на крај повеќето токму од овој елитистички клуб стана и дел од самата испостава на оваа анти-народна, корумпирана, и криминална Власт, ма дури и ревносно ја бранеа и сеуште ја бранат и соучествуваат во ова политичко-социјално-економско лудило на СДС-измот.

Епа другари, ако не покажете барем разбирање за тие кои се потиснати по друга основа од таа врз која вие сте, па уште и се обидете да ги дотолчите, исмеете и осквернавите истите – кои да не се лажеме се огромно мнозинство – не знам како очекувате да ве прифатат и разберат тоа што сте. Бидејки во нивните очи не сте ништо освен другата страна на империјалистичката чизма!

 

Реџеп Исмаил (Хактан) * – Член на президиумот на Левица

Loading...

Related posts

Leave a Comment