Македонија

Левица не е против членството на Македонија во ЕУ

Апасиев: Левица влегува длабоко во советите, опција е и ново парламентарно  мнозинство | МКД.мк

Договорот за добрососедство нема директно да биде ставен на изјаснување во новата рефрендумска иницијатива на Левица откако собранискиот спикер Талат Џафери го одби предлогот за граѓанско изјаснување за оваа спогодба на опозциската ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, рефренедумското прашање ќе се однесува на бугарските барања открива за Сител лидерот на партијата Апасиев. Тој тврди дека прашањето, кое партијата конечно треба да го утврди во среда, нема да биде против членството на државата во Европската унија.

Правниот основ за прашањето ќе се бара во заклучоците што парламентот ги усвои за преговарачката рамка со Брисел.

Од Левица најавуваат дека иницијативата во ДИК за првите инцијални 100 потписи ќе се најде веќе во петок, а во парламентот се надеваат дека ќе влезе веќе во понеделник.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе даде поддршка на секоја референдумска инцијатива што се однесува на бугарските барања за кои велат дека значат асимилација на македонскиот народ.

Од власта пак, коментираат дека ова значи потврда на „антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, во повторен обид неуставно да ги сопре евроинтеграциите“. Шефот на дипломатијата Османи, минатата недела ја обвини Левица за дел од руската пропаганда.

Обидот на Левица ќе биде втор опозициски обид за референдум по однос на обврските што произлегуваат од Договорот за добрососедство. Џафери минатата недела го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните да се изјаснат за поништување на законот за ратификација на спогодбата со Бугарија. Обрзложението беше дека меѓународните договори не можат да се менуваат со закон.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!