Став

Леонид Савин: Мистериозната смрт во авионската несреќа на македонскиот претседател Трајковски во 2004 година е поврзана со неговата непопустлива позиција во преговорите со Западот и Албанците

Можно е да е слика од 1 лице

Потпредседателот на евроазиското движење и десна рака на контроверзниот руски филозов Александар Дугин, Леонид Савин,  го обвини западот за случувањата во Македонија 

Во август во Македонија, која веќе е Северна, имаше мал скандал. По повод 20 -годишнината од Охридскиот договор, властите не можеа да го најдат оригиналот на договорот. На крајот, еден од петте примероци беше пронајден кај претставникот на Албанската партија за демократски просперитет, Илир Љума, кој го чуваше дома.

Во 2001 година, како дел од албанската делегација, тој учествуваше во постапката за потпишување, самиот договор беше извесно време во канцеларијата на албанската партија, а потоа Љума го однесе во својот дом. Охридскиот договор беше потпишан за да се запре конфликтот меѓу албанските милитанти и македонските власти, со посредство на Западот. Протекторатот Косово и помошта од Соединетите држави и НАТО, тогаш им влеаа доверба на Албанците дека тие ќе можат да го кренат  востанието во Македонија и да заземат дел од територијата.

Но, ова сценарио пропадна. Инаку, мистериозната смрт во авионската несреќа на македонскиот претседател Трајковски во 2004 година е поврзана со неговата непопустлива позиција во преговорите со Западот и Албанците. Мислам дека губењето на останатите примероци се должи на негрижата, вообичаената слабост, на која се слаби нашите словенски браќа од Балканот.

Поради оваа слабост, Сорос успеа да го донесе корумпираниот политичар Зајев на власт во Македонија, а потоа името на земјата беше сменето и таа беше примена во НАТО. Истото се случува и во Босна и Херцеговина, како и во Србија. Моќната корупција и информативните ресурси на Западот полека, но сигурно го варат српскиот идентитет и формалната независност.

Можно е да е слика од 15 луѓе, седнати луѓе, луѓе што стојат и костум

И фотографијата е индикативна. Претставникот на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана изгледа најзадоволен. Се појавува и неговиот наследник во НАТО, Џорџ Робертсон.

Related posts

Leave a Comment