Свет

Лидерот на Хезболах предупредува на опасност од регионална војна

Лидерот на Хезболах Сајед Хасан Насрала рече дека било која агресија против исламските свети места во Ерусалим ќе значи регионална војна.

Неговите коментари во телевизиско обраќање се први коментари по прекинот на огнот помеѓу Израел и палестински Хамас, кој важи од петокот наутро, пренесува Ројтерс.

“Кога светите места се соочуваат со сериозни закани, не постои црвена линија. Сите движења на отпорот не можат да седат мирни и да гледаат дали се загрозени светите места”, рече Насрала.

Проиранската либанска група е голем противник на Израел, а изјавите на Сајед Насрала го означија израелското повлекување од Либан во 2000 година.

Тој додаде дека вооружените борби покажале дека Хамас „одлично ги искористи своите ракетни способности“, што смета дека е големо воено достигнување.

„Тие имаа можност да лансираат ракети 11 дена и можеа да продолжат“, додаде лидерот на Хезболах.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!