Македонија

Лидерската средба заврши без датум за избори

Нема датум за избори додека Комисијата за заразни болести не даде мислење за безбедноста на гласачите, ДИК не се изјасни  за времето потребно  за организирање на изборите, а ОБСЕ не каже на кој начин ќе го следи гласањето. Ова е епилогот од тричасовната лидерска средба кај претседателот Пендаровски. Лидерите повторно ќе се состанат следната недела, кога ќе се соберат сите потребни информации.

Заев на средбата посочил дека не отстапува од избори летово и понудил неколку датуми, во зависност од тоа, дали ќе биде продолжена вонредната состојба.

Мислењата од институциите ги побарал Мицкоски, кој не сака продолжувањето на вонредната состојба да се поврзува со владината уредба.

Од ДУИ сметаат дека дискусиите на лидерската биле плодни и детално се анализирала состојбата во земјата.

Лидерите на Алтернатива и Алијанса за Албанците, порачаа дека во определувањето датум за избори треба да се води грижа за здравјето на граѓаните, а на избори да се оди кога опасноста од вирусот ќе биде сведна на минимум.

Related posts

Leave a Comment