Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ : ВЕЛИКИ ПЕТОК, ДЕНОТ КОГА СЕ ПОТРЕСЕ УНИВЕРЗУМОТ И ЗАПЛАКАА АНГЕЛИТЕ

Фотографија на Lidija Djordjevic.

ВЕЛИКИ ПЕТОК, ДЕНОТ КОГА СЕ ПОТРЕСЕ УНИВЕРЗУМОТ И ЗАПЛАКАА АНГЕЛИТЕ

„Во зеницата на мојата душа, браќа мои, како змија се всели една злобна помисла, и постојано ме измачува (ме прашува) : дали некогаш човекот бил добар, штом можел да го распне Христос?

Ти веруваш во човекот, се фалиш со него, оптимист си? Ох, види го човекот, види го човештвото од зенитот на Велики петок, види како човекот го убива Богочовекот, и кажи ми: зар и сега си сеуште оптимист? Не се ли срамиш од тоа што си човек? Не гледаш ли дека човекот е полош и од ѓаволот? Заборавете ги сите денови пред, и сите денови после Велики Петок.

Разгледајте го човекот во границите на Велики Петок – не е ли тој зеница на секое зло, хиподром на сите искушенија, собиралиште на сите гадотии? Зарем денес полудила земјата во човекот? Зарем денес човекот убивајќи го Богочовекот, докажал дека тој е навистина лудоста на земјата?“

Ава Јустин (Поповиќ), 1926 г.

Тишина. Морничава тажна тишина.Молк. Се нека застане.Освен мислата дека Го распнавме Бога! Ние Го распнавме, и секој ден Го распнуваме.Си го распнавме Создателот! Севишниот! Дали ви се верува? Гледајќи не какви сме сосема е јасно дека безумноста наша нема крај!

Додека се молел во Гетсеманската градина му капела крвава пот! Крвава пот замислете! Ох каква жртва, која љубов Господе Боже! Незамисливо за човечкиот разум.

45.Штом стана од молитвата, дојде кај учениците Свои и ги најде заспани од тага.

46.И им рече: “Зошто спиете? Станете и молете се за да не паднете во искушение!”

Лука22/45,46

Колку сме будни? Колку бевме будни и дали се разбудивме?

Бог јасно ни кажува:

МОЛЕТЕ СЕ ЗА ДА НЕ ПАДНЕТЕ ВО ИСКУШЕНИЕ!

И не прашува:

ЗОШТО СПИЕТЕ?

Потоа вели:

53. Секој ден бев со вас во храмот и не кренавте рака на Мене,но сега е вашето време и власта на темнината”

Лука 22/ 53

Власта на темнината никогаш не била посилна. Лукаво, суптилно, со ” најдобри” намери .Баш онака какошто е поплочен широкиот пат кон адот. Да излеземе од Себе денес за да влеземе во себе.Да се отвори срцето за покајнички плач.Исплачете се за да прозборува срцето ваше со молитва која ќе врзе конци за Небото. Исплачете се над себе како врз живи мртовци, погребајте се старите себе за да воскресне новиот човек во вас кој ќе Му омили на Бога. Страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение. Денес не бијат ниту камбаните. Се до Недела кога ќе се објави Христовото Воскресение. До тогаш и понатаму па до крајот да останеме БУДНИ и секојдневно препородени.

ГОСПОД НЕКА НИ Е НА ПОМОШ!

Лидија Ѓорѓевиќ

Related posts

Leave a Comment