Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ : КВАНТУМ КАРАНТИНО

КВАНТУМ КАРАНТИНО

Прв ден – чистиш.
Втор ден- чистиш.
Трет ден- чистиш.
Четврти ден- Каде и да поминеш дезинфицираш, а пред врата на чергичето ставаш мокра крпа натопена во Доместос.
Од петтиот до десетиот ден готвиш, но не онака колку да се њопне, имаш време, па оди вака :
-Салата (може и од таа ракијата за дезинфекција)
-Супа или чорба
-Главно јадење (се што може од македонската и околните соседски јадења, па и подалеку на пример маџарски гулаш!)
– Десерт (кох, раванија, пиварки…)
За вечера : од тоа кифлите што ги замеси после ручекот , лепчиња во рерна како мали пицички (без безобразни мисли, ви се молам), пуканки, шпагети во Болоњезе сос.
Пушташ филм.
Потоа отвараш нет или тв :
Гледаш ковчези (кои после денови се испоставува дека се од некои ратишта или удавени мигранти Бог да си ги прости, кратки сцени од Вариола вера, и барем пет репризи со лекари експерти кои ти кажуваат дека” Сите ќе умрете”- Сека сабљиќ.
Земаш бројаницата и се молиш додека да ти поминат паничните напади.Ветуваш дека ќе бидеш добра само ова да помине, и дека редовно ќе шеташ во природа и ќе отидеш двеста метара подалеку од “Идадија” наместо ВО “Идадија”.
Се каеш со солзи за своите гревои и пропуштени здрави прилики, наместо нездрави избори. Ништо.Џабе.Сонот ти се скршил оти ова не е гледање на хорор филм па да си речеш”Абе ко на филм” , да” си се искључиш” и да си легнеш.Ова е бре реалност, а каде беше ти до сега во твојот живот?! Веќе е еден после полноќ, а ти зјапаш во темницата со очи разрогачени
ко на оној” мај прешс” заборавих му името.Заспиваш саат-два, сонуваш бетер кошмари и стануваш во 4:30.Па доста ти беше спиење.

Те мава тахикардија додека се растегнуваш.Пиеш кафе и отвараш фб.Шо да видиш! Истото пред да легнеш пута пет! Земаш тенџерето, ставаш пченкарното брашно и вртиш бакардан! Онака јако вртиш, втиш, втиш да ти излезе тоа негативата. Отвараш прозори гледаш пролет.Им завидуваш на птичките, кучињата и мачињата.Што знаат они шо е корона.Ги боли уво! Сеа што? Чек да ги полеам цвеќињата. Си праиш муабет со нив.Они само знаат да сослушаат.Другиве кога да им се јавиш- ти им викаш абе ова е све фејк, не е толку страшно”, они тебе” ти луда ли си ма, на луѓе им се распаѓа плуќата, умираат ко крушки”!
Ти им викаш”абе ај бар малку да шетнеме” они тебе” ма ти си едно неодговорно суштество сите сакаш да не заразиш”!
Одеднаш се гледаш себе како којотот во цртан филм кој го затрупало купче камења и последното шо паѓа е она нацртаното пуфче од вирусчето шо личи на оние гумени топчиња со кои си игравме.
Охооооо! 😟Ништо, мора да се излезе ако не надвор барем од ова расположение.

Единаести ден.Си викаш-Ќе читам! (Претходно не можеше беше преокупирана со паник атакот, но денес цврсто реши да го шутнеш )Зјапаш во твојата библиотека.Гледаш барем дваесет непрочитани книги.Е, сега му е мајката!
Поминуваш со прстот по насловите.Но наместо да се фокусираш на книгите , пак најновите вести ти текнуваат во твојата збрлавена глава. Мора нешто да се стори и оп! Ти текнува на оној брачен пар кадешто мажот патеше од прерана ејакулација.Пардон, мажот имаше, а жена му патеше.И што му викаше мученицата за време на сексот:
-Те молам! Мисли на болници и гробишта!
Ама кутриов пак, за две минути готов беше.
Епа и ти де исто само обратно! НЕ МИСЛИ на болници и гробишта!
Аааааахаааа! Не било леснооо! А го обвинувавте јадниот дека е себичен!
Добро, значи имало и бетер проблеми од коронава.🤪

Туку, навистина! Како сите други болести наеднаш исчезнаа? Веќе никој не умира од друго.Само од ковидов! 🤔

И така прстот ти застанува на една огромна книга која татко ти и ја подари на мајка ти за еден 8-ми Март.Си припомнуваш на незиниот лик кој беше благо насмеан(без очите,)а од очите се читаше потребата”Како би те треснала со книгава тешка барем 3кг по глава!”

ВЕЛИКИ НАРОДНИ КУВАР!

Финска кухиња: Пипаркаку!

“Јаооо ал су се претрглиии!”Си мислиш.Набутале смрзнато мешано овошје и му стаиле шлаг! Абе иди бегај! Дај нешто калорично, не сум на диета! Шо ќе ми е? Да не ме глеа некој дома!

Румунска кухиња: чорба ваква, чорба онаква, чорба, чорба,чорба и Мамаљуѓа- палента у сите можни варијанти!

Бреииј! Добро, имам палента на претек, а со чорби се подувме.

Вртиш кај срби, па дабомеее, да се човек наједе и да легне!
11-ти до 21 – ви ден! Сите можни калорични јадења од Великиот народен кувар сосе десерти!
Секоја вечер- она од првиот ден : вести, паника, страв, молитвите, покајанието и станување во 4!
22-ден- десет кг повеќе! Ма браво!
Мора нешто да се превземе! За спорт никогаш не те бивало(ако се изземе пешачење покрај кеј, повремено).Ајде пушти си музика на тв.Пушташ.Тозовац! Тоооо брате види како цупкаат! Па зарем ова да го исцупкаш е лесно?

 

Цупкаш на Тозовац, Лепа Брена и Слатки Грех.Грех? Абе шо беше тоа? Си се исчистил ко мала беба! Нит некој да те љубне, ниту со некој да се скараш.Добро, стомакоугодието троа, ама па шо да праиш. Еееее глеаш како научи да ги цениш работите коа си во кафез! Сеа само здрав шо си ќе те праи среќна.Можеби холестеролот малку ми рипнал од тој Народниот кувар! Чек! Имам решение! Па јас имам скали, како не ми текна! Нагоре-надоле, нагоре-надолу, нагоре-20 пати дневно! Јухууу! Супер!
После три месеци- минус 10 кг.
Уште месец дена твориш:пишуваш, црташ, садиш цвеќиња, читаш” до изнемоглости”(Библија секој ден!)
И еден убав сончев ден на вести кажуваат : Заврши карантинот.Слободни сте.
Ти си во егзалтирачка состојба! Веднаш излегуваш да прошеташ.Околу тебе во урбаната градска средина се шетаат срни, волци, мечки, елени,диви свињи, летаат орли, сите ендемски видови пред изумирање се намножиле! Идадија и боемска се обраснале во треви и цел град се претворил во Амазонска прашума!ПА ЈАС СУМ ВО РАЈОТ!😁
Уживаш така дури три дена!
Уклучуваш вести.Се колабирало.Пари се немет.
Слушаш сирени.Оние шо ги пуштаа во 15:05 коа умре Тито.Почнува Трета СвеЦка! Е јбга!
Ма боле менеее, боле мене ногооо!- Радован Тречи
Ти веќе си подготвена.
Зауставите Земљу- силазим! 💖

Лидија Ѓорѓевиќ

Loading...

Related posts

Leave a Comment