Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ: КЛЕОПАТРА ВО МАРКЕТ

Нема достапен опис

Нема кафани, нема гушкања, сите сме како после погреб. Наместо здраво можеби се разделуваме со “Бог да те прости”, а Бог има смисла за хумор па ни се смее на нашите реакции на искушенијава.
До пред две години, само до пред две(!!!!)некој да ми кажеше дека реченицата :
“Каде ќе одиме вечер?” е бесмислена поради тоашто ЌЕ МИ БИДЕ ЗАБРАНЕТО ДА ОДАМ КАДЕ САКАМ ќе му се изнасмеев, но еве би и тоа искушение.

И си влегувам јас во еден голем маркет(ако знаев шо сакам еве на! Најверојатно сакав само да се промешам меѓу луѓе, да видам живот),си се шетам со корпата, внатре луѓе ко у дискотека, кркљанац, лепота! (Не ми се верува дека дојдов во огромен маркет за да видам луѓе, онака, само да видам луѓе) Иначе, у поверење, само во кафани и на отворено има тоа де, сојон на мутиран грип. Во маркети можам да се олабавам.И си шетам јас со корпата, поривот за купуење глупости- ред алерт! Грабам некакво” мило ќебе” што би рекол син ми, некаква патосница, вртам круг, си викам “вразуми се, контролирај се” и ги враќам назад.
И така си се шуткав ставајќи неколку ефтини глупости во корпата колку ” да ме мине жеља”, ама сепак ми беа потребни.
На излегување пред мене “стојат”слаткарница, цвеќара и продавница за “џиџи-миџи”.
⛔ Слаткара-хм…не. Боље дома ќе си напраам салата, со ракиичка нормално.
⛔ Цвеќара? Па веќе добив цвеќе.
✔️ Џиџи-миџарницаааа!Моит!
Влегувам во “моето царство” ефтино до душа…Пробувам цвикери за сонце, девојчето срдечно се смее на моите досетки. Опрости, извини, нема ништо од ова.Туку дај да разгледам што друго имате.
Увауу! Турбани! Сакам еден црвен, и некој светлуцав. Мхм, баш овие. Го пробувам светликавиот:
–Како Клеопатра сте!- вели одушевено девојчето.Нема везе шо Клеопатра не носела турбан, но влегувам во прикаската.
– Епа ако сум како Клеопатра сега ќе си купам и таков ѓердан и обетки!- избирам низ дуќанот баш такви.Мноооогу “скапи”! 100денара ѓердан.😁
-Мммм што е ова? Па фустанот на Клеопатра! Стави го и тоа во кошничка! Нема везе шо ми е мал, ќе ослабнам.
И сакам да ме гледаат по улици и да се смеат, уваууу, па оваа скроз одлепила” !Ете така подобро отколку да мислат на корона и смрт!
– Во право сте, ама навистина не е веќе смешно. А вам навистина ова ви прилега.
– Ти благодарам , и кога ќе видиш некоја со златен турбан, знај дека само сакала да ги дефокусира луѓето од смртта па макар била и јуродива! – реков и ја оставив расположена, весела, насмеана.
“Добро што ти требаа овие ствари Лилика?”
“Прво се “џабе, ефтинарија”, второ нели си го носиш девојчето кое читаше бајки од библиотека и уште се филмаш, трето те дигна ли малку овој”луксуз”?
И во стилот на петелот Софроније си отидов накај дома со песната:
Та да ди ди ди да ду туда туда даааа туда хеј ти даа, ти даааа….
Ете така. Животчето е кратко и мора да си го зачиниме со мирудии, песна, добро расположение и воздух!
Стравот оставете му го на оној кој ве пумпа со него.Ќе оболите од страв бе луѓе! Не дозволувајте! Бог с’е ќе си нареди!
Та да ди ди ди да ду туда туда даааа туда хеј !😀

П.с.Вухански, британски, бразилски….туууу, не сме способни ни еден вирус да измутираме! Јаделе лјилјаци! Па можеби само треба некој да изеде црпка!

Лидија Ѓорѓевиќ

Loading...

Related posts

Leave a Comment