Колумни

Лидија Ѓорѓевиќ: Колкумина сте живи во денот барем 12 саати? Реално, онака

1.Во бунило сме. Во апатија, а допрва и во агонија. И допрва нема да разликуваме лага од вистина, оти и вистината ќе биде искривоколчена.

2. Наместо да ја “билдаме” љубовта, ние го бираме опозитот- стравот, егоизмот и омразата.А тоа се вибрации.И ние ги испраќаме така гневни, анксиозни( болест која не постои, ставена ни е во матриксот, болеста на размазените комформисти.Ве боли? Грабнете мотика борејќи се за живот и нема да ве боли, ќе бидете примирани наскоро, па ќе кажете” што сам кревал рука”)

3. Дали вашите предци живееле во војни, беда, сиромаштија, па раѓале повеќе деца и сите тие деца си го нашле патот здрави и нормални? А немале , ‘соопроштење” кетеринг, ни усисивач, ни пекач, ни машина за перење. Дали биле поЖиви од вас? Биле.

Дали вашите прадедовци и прабаби живееле ЖИВЕЕЛЕ повеќе од вас?- Живееле.Значи и во такви услови живееле. Дали вашите деца знаат што е вистина? Дали можата да расудат?Што е природно без оглед во кој век си, и што е Богоугодно, жизнерадосно без оглед во кој век си?Што е живот без таблети, опијати, онака, спортски, само живот и радост! Кога последњн пат се радувавте , а имате с’е, а тоа да ви трае една година?

Дали вашите деца и вие знаете што е: Почит, Достоинство, Идентитет, Себство, И пред се одговорност (!!!)за нив и за с’е? Или се оправдувате со флоскулата ” па во кој век живееме?” Во кој век и да живееме правилата на слобода се исти. Чек, ” правилата на слобода”? Не ви штима. Разбудените ќе разберат дека с’е е дозволено, но не е с’ е полезно. А вие заспаните тепајте се уште во илузиите. Дали сме ние сите болни во своите умови, па немаме љубов за ближниот? Дали ние воопшто сме живи? Колкумина сте живи во денот барем 12 саати?Реално, онака радосни.Безгрижни.Какви што биле вашите предци во сите оние премрежија.Е не сте. А зошто? Многу едноставно: Го немате Бога во себе.Србите велат: Уби Бога у њему. А толку е едноставно, напишано, кажано:

ЈАС СУМ ПАТОТ, ВИСТИНАТА И ЖИВОТОТ- ХРИСТОС. ПРОБУДЕТЕ СЕ ЗА ДА НЕ ВЕ БУДИ ПОВЕЌЕ нечестивиот. ИЗБЕРЕТЕ: ИЛИ ЌЕ ПРЕБИВАТЕ ВО ЉУБОВТА ИЛИ ЌЕ СЕ СОТРЕМЕ. ЌЕ БИДЕ КАКОШТО СМЕ ЗАСЛУЖИЛЕ!

Лидија Ѓорѓевиќ

Related posts

Leave a Comment