Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ : ЛЕТНИ ЛЕСНИ МУАБЕТЕЊА

 

Ми се шета покрај море во бела облека во светла ноќ. Ми се дише морски воздух измешан со мирис на борови како кога бев мала и со моите родители секоја година во Бол на Брач, Сплит и Дубровник по месец дена. Сега можам претпоставувам само да си платам еспресо на сто километри од Дубровник и да си се вратам дома.Мирис онаков, јадрански, додека пирка ветре и трчам по најситните камчиња .Да да, не одевме ние ” у Грчка” одевме ама ретко, Јадран е најубавото море на светот. Кој го помирисал- знае.

Ми се гледаат весели луѓе светнати од Сонцето кои радосно славејќи го Животот шетаат држејќи се за раце! Жените со крупен летен накит, корали,бисери, бижутерија, мажите ленени, лепршави, насмеани ги бакнуваат во врат, гушкаат заштитнички, се слуша некој клавир,сајзер со матрица од Драгојевиќ или Хулио, Демис Русос….Пензичите пијат беванда со своите бабички кои јадат сладолед и слатко евоцираат спомени ќикотеки се како девојченца…
Туку доста буљам во асфалтов , мирисам прашина и фантазирам, дај да пуштам една машина на ефтина струја.
И оп!
Порака!
Некој нов пријател праќа фотографија од некој ресторан.
-Извинете, грешка!- ми пишува, а јас си се смешкам оти вакви” грешки” до сега имав стотина од други “пријатели.”Но бев опуштена за муабетење па му одговарам”На здравје да ви е”.
И секако веднаш ми одговори и почнуваме после само една пуштена фотографија да си правиме домаќински муабети.Меѓудругото ми нагласува дека е во најубавите години и дека тоа се години на мудрост затоашто многу постапки на луѓето веќе му се глупави и бесмислени, а сме ги правеле.И се сложувам.Само пред две години не бев ваква каквашто сум сега, а да не зборуваме за пред пет, десет…
И се замуабетивме со човекот љубител на вина па си ставивме мезе сирења и вина најскапи, па си седнавме во виртуелен ресторан јас во еден град тој во друг и си истеравме убаа вечера.Кој вели дека средовечните за време на ковид не знаат да се забавуваат! Одамна не сум имала такво “искачање”! Си пуштавме омилена музика и се “заколнавме” дека ќе се видиме еден ден “во живо”!
Ете, гледате, секој своето попладне знае да си го направи убоо кога си има имагинација и убав соговорник😊.

Loading...

Related posts

Leave a Comment