Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ: ПОГРЕБИ

Нема достапен опис

Страшно звучи зарем не? Се ежиме од погреби, се ежиме кога ќе не викнат на погреб. И онака , размислувајќи, си сфатив- не е ежењето само поради тагата за покојникот!

Ежењето е највеќе поради физичката разделба со покојникот, но има и нешто друго: поради соочувањето со смртта! Која тебе ти тропа на врата. За ден, два, година, години, ама еве ја кај е.Тука е. А ти? А твојата одговорност? А Твојот одговор пред Страшниот Христов Суд? Замисли! Сите твои и најцрни дела и мисли сите твои познаници и непознати го гледаат на огромен видео бим.И твоите деца! М? И твојата милост према оние кои те сакаа??
Така барем мислат верниците.
На атеистите им е уште пострашно. Животот им бил раѓање, школо, женидба, деца, работа, пензија, смрт. Дупка, црви. (Ако и тоа претходното го доживеат кутрите. Звучи како леш, претходно жив чоек и сеа само во некаква амбалажа вратен во земја.
И се прашуваш, нормално секогаш се прашуваш на погреби” А што е животот?” Или” и? Шо сега? Се бореше за ова, она и на крај ништо”

“Домаќииинииии ! Каде сте!”-така ни викаше тетка Слободанка секое утро кога доаѓаше кај нас.Сега ја нема.Ја нема кај нас.Ја има во Царството Божјо! А пред”15минути” ја гледав и слушав”. Погребот и беше на Ѓурѓовден и нормално до даска се пушти “Ђурђевак зелени свима осим мени”! Ете, со песна ја испративме. Ми се допадна тоа.

Други погреби- смешни погреби.

На еден се присетив! Ликот бил атеист, војно лице. Умира на 90 години. Ние доаѓаме , нема ни свеќи ни поп. Се чудиш шо да праиш, се вртиш ко” прдеж во гаќи”. Нејсе, се напраивме тикви во ресторанот.Прекрасно.Ќерка му рече”Тато , прости ми што толку се смеам , ама сигурно ти е мило што не тагувам”И се смееше како на свадба.(Можеби не требаше за човек кој се откажал од Бога, а можеби и човек кој се откажал од Бога и заслужил таков погреб!? А плус и Бог има смисла за хумор.
Слушнав и за бдеење на кое другарите толку се начукале што го подигнале ковчегот за да свртат оро околу столбот во станот”Абе оваа му беше омилена песна”!
Разговарав со еден свештеник кој не можеше да се собере од смеење оти умрениот бил играорец па до гробишта затанувале шеснаес пати за да го играат тешкото и го отварале ковчегот за играорецот да види и чуе.

Луѓе – мракови

Они само на погреби мислат. Дури имав искуство со пријател кој ми рече:
-Ајде , па да се видиме.Да те однесам некој ден до гробишта.
-До гробишта?
-Да де.До кај мајка ти.
Што да кажам на “понудава”? А па кога ќе размислам гробиштата ( преку ден де) се едно од најспокојните места. Си пеат птички, летаат гулабчиња, цвеќиња на сите страни, дрвја раззеленети, однекаде ќе чуеш повремено”Господи помилуј”. Седиш на клупа и гледаш од обични запуштени гробови до цели мавзолеи. Размислуваш:
Ауу види колку млад умрел, собраќајка најверојатно. Гледам жена чита акатист, а на”мавзолејот ” млада девојка. Ќерка ми се самоуби. Ми го даде отецот ова да го читам секој ден можеби ќе ја искупам. И во право е. Најдобро што можеме да направиме за нашите починати е молитва. Ако биле ” ни таму ни ваму” можат да се избават од пеколот. Но ние сме преокупирани со пешкирите, чорапите и храната. Небаре свадба е.
Материјализирање на љубовта кон покојникот: Како Таџ Махал. Ах колку ли ја сакал својата сопруга штом го направил тоа здание! Каква посветеност, и желба да се врати отаде другиот свет! И….какво изгубено време, средства, жалење….
Напразно…. Нема враќање од таму освен ако не си светец/светица. А ние сме далеку од тоа.
Живееме во време кога смртта е ИН.Кој би рекол!? Стравот и ужасот се ИН. Само до пред неколку години сексот продаваше с’е. Сега смртта и ужасот! Ако немам што ужасно да напишам на својот портал ќе напишам: Трагедија во куќата на Карлеуша,да речеме,и имре кучето!
Нејсе,
Дали смртта е ужасна работа, дешавка или што и да е или е свечена како и раѓањето?
Секако дека е свечена! Заради тоа и инсистирам луѓето на погреби да дојдат дотерани.Срамота е на крштевка и свадба да дојдеш во фармерки.Па барем обичен фустан имаш нели? Епа исто е и со испраќањето во Царството Небесно! Испрати го ближниот свој дотеран!

Ах, да, често во последно време, напумпана од вестите, си замислувам како тоа би изгледал мојот погреб.Шизофренијата ми оди од фрлање по ковчегот со тажачки,”јао, куку, колку ќе ми фали” пресмешно, до музика до даска ама его- трипот не ми дозволува да размислувам дека би зборувале за друга тема отколку за мене во стилот “Леле колку беше она…..и нормално хвалоспеви….Пак пресмешно.

Па почнува онаа језа: А што ако не се молат за мојата душа? Ма гајле ми е за погребот.

И на крај, миц по миц доаѓам до најстрашното и најважното-

СО КОЕ ЛИЦЕ И ОБРАЗ ЌЕ ЗАСТАНАМ ПРЕД ТЕБЕ БОЖЕ ГОСПОДИ!

Лидија Ѓорѓевиќ

 

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!