Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ : СЕНКАТА Е БОЖЕСТВЕНА ИНСТАЛАЦИЈА ВО ПРОСТОРОТ

 

СЕНКИ-Сенка. Ве потсетува на нешто тажно? Или пак морничаво? Или на некакво претчуство?

Мене не. За мене сенката е божесвена инсталација во просторот и ако нашето око не ќе можеше да ги приметува сенките, ќе бевме ускратени за фантастични природни слики нацртани од Него, Севишниот!

Сенките највеќе ги поврзувам со приквечерините. Приквечерините на претходно кристално сончеви денови.

Се издував убаво на оној зимски снег во Маврово или на Шапка сеедно.Не, не сум скијач, имав еден обид кој неславно заврши во столбот од жичарата и толку беше од мојата скијачка кариера. Рано е, денот беше сончев но почнаа заради залезот да се појавуваат првите сенки. Се возам на жичарата удолу.Страв, нозете ми пафкаат сто метри над земјата.Но го сакам тоа.Восхитувачка убавина под и околу мене. О, Господе ти благодарам за овие фантастични слики.Сонце низ сенките преку снегот .Веројатно ако паднам ќе потонам како низ памук.Се враќаме.Пиеме чај со рум.Утре пак! Кога повторно ќе се појават сенките заради скромното излегување на Сонцето кое потоа ќе блесне со целиот свој раскош!

Сенки во доцна пролет. Доаѓа летото. Веројатно сум во својот двор и муабетот со другарките.Ух, добро е, не е веќе толку топло, се појавија сенките. Весели сме.Радосни.Музиче од радиото(Грундиг постар од мене, но ете, уште функционира).
Можеби сум легната со книга в раце. Ете ги пак сенките.Шарени игриви сенки се појавуваат врз мојот мебел и ѕидовите од собата. Сенките се од ливчињата на јасенот и липите пред мојата куќа. Гласови на деца кои си играат безгрижно во “Песталоци”.Мир.Што е мир? Врвот на успешноста! Ако некој успеал да си го утаба(не ми текнува зборот на македонски во моментов) внатрешниот мир, тој успеал се во животот без оглед на надворешните околности.

Сенки над Радожда.Брзо зајдисонце.Или над Трпејца, најдолгото. Во Радожда сме дојдени да се опиеме, во Трпеица да се изнапливаме.Додека сосема ги снема сенките.И додека пливаме блебетаме.”Прекини да ме смееш, ќе се удавам, ха ха ха” Или” ооо ете, пофали се дека успеа да ме дигнеш и носиш ете таква, голема дури и на еден прст!”И во вода шириме познанства.”Ајде кај нас” ни довикнува некој од некоја вила на брегот откоја се слуша музика.Одиме мокри и зацрвенети, здрави и расположени како после најубавото водење љубов.(Нели тогаш сте си најубави и без шминка?)

Сенки над моето убаво Пештани. Или кога ѕирка Сонцето наутро над Галичица, онака срамежливо, или кога заоѓа онаму, накај Струга.”Што ќе правиме? Ајде да испешачиме до највисоките ридови додека има куќи, вили.” Стигаме до куќата на Воскресија(какво име, Господе! Прекрасно! Мештаните ја викаат Вскра.) А куќата, ох, правена со мерак.Поточно дворот.Одиме низ каскадно смислените скали.Наоколу цвеќиња и поточиња, најгоре – огромен трем.Со маса барем за 15 луѓе. Ова е правено спокојно, полека и со години, затоа е е живо! Оттука се гледа с’е!-Охрид, Струга, св.Наум.Па каква е оваа слика Господи! Фала ти што ни овозможи да ја видиме и доживееме!Туку,ајде долу, не чека Снеже! Ни направила плојци(гирици), а и Траминецот веќе е замаглен.

Како нас.Опиени од сликите.

И сега? Како може сенка да биде нешто неубаво?

Ви посакувам уште многу вакви сенки!🌸☀️

Лидија Ѓорѓевиќ

Loading...

Related posts

Leave a Comment