Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ: СМЕЈЕМ СЕ, А ПЛАКАО БИ

Нема достапен опис

Ме разбуди Гоце Делчев.Од памет се извадив признавам.
Викам: Шо бараш ти во иднинава, сегашноста де, за тебе иднината жив , сега кога друг е даскал, а тебе по втор пат те погребавме, мислам, онака, вербално?

– Ми се смачи да бидам пропелер у гробон, коскиве веќе ме болат од превртуење па си викам дај да видам што се случува.А шо ти коа те боли нешто не идеш на лекар?
– Не.Не смее ништо да ме боли и од ништо да се разболам, а камо ли да умрам.
– Аман бе, прв пат слушам вакво нешто.У кој его- трип си дека нема ништо од ова да ти се случи?
-Абе сеа, не знам, ама сега ако се разболиш не смееш да одиш на преглед, ако си не дај Боже за хоспитализација нема кревети ни лекари, а тек ако умреш нема шанса достојно да те погребаат па згора на тоа плаќаш колку за три погреба, а моите не се толку богати.Сфаќаш?
-Не.
-Епа на телевизија, уствари ти не знаеш шо е телевизија,тоа е една направија од кадешто ти кажуваат што да мислиш, рекоа дека има некоја болест од која боледува целото човештво и ако сакаш да дишеш ќе ти наплатат. Затоа ние послушно решивме да дишеме по малку .
-Аман бе!
-Да бе.
– Туку шо сакаше да ми кажеш со тоа” по втор пат те погребавме?”
– Добро де, не биди буквалист.Сакав да кажам некако….те поделивме.
-Е сеа тек ништо не ми е јасно.🤔
-Епа баш тие твоите де, сдсовците рекоа дека си бугар шо живеел на територија Македонија.Добро, тоашто си се борел да биде автономна во еден период и се оствари, ама сеа пак сме територија. Вукојебина- назив за некој простор кадешто кој стигне од каде сака шо сака си праи.

Гледав како полека ги разрогачува очите.

-Извини, ама тоа не е с’е! Сега ни таа територија повеќе не се вика Македонија.И го сменија името твоиве.
Мустаќите му рипнаа како на Салвадор Дали.Ма уште повеќе, коса му се крена!

-Мислам” твоиве” по име на идеологија, а не ние твоиве како вистински твои.Сфаќаш?
-Ннн…еее….!?!?!
-Да бе! И сите обележја се на два јазика.Едниот на нашки, другиот на едно малцинство.
-Зоштоооо?
– Поима неам. Се обидував едно време да сконтам, не ми оди.И ти не си роден во Македонија, туку во Грција, се откажаа од лујџето во твојот роден крај што че речи дека можеби си и Грк.Мислам, по денешен терк.
– Како може идентитет да се крои по терк? – веќе беше зелен од бес.
– Е како де, како! Објасни им го тоа ним и на шарен….ааааа долга приказна, ме мрзи сеа да ти ја раскажувам, ама ние твоите коа им викавме дека ќе дојде до ова единственото образложение беше” и јас имам стомак, сакам да јадам, кој ќе ме храни, шо ти е гајле и немој да се буниш знаеме дека си небањата”.
-Извини, ама ова последново звучи сосема лудо.Да не си малку под некои психотропни супстанци?
-Пффф, ај сеа, они така викаа – мене ми се истури.Самиот си крив ако баш сакаш да знаеш! Шо не си седеше лепо фино као директор на оние школине.Воопшто не ми е јасно зошто си бил револуционер?
-Ни ….мене…- промрморе тивко целиот вџашен од кажаново.
– И биваше ли да умреш во ист ден со Тито?
-Кој е Тито?
-Тито е еден за кого повеќе ги заболе отколку за тебе, и на 4-ти Мај повеќе за него кукаат ама веќе не е ни битно нели!

-Добро сеа, и шо да правам јас? Да се убијам не можам, срце да ме стрефи не може од едноставна причина што веќе сум мртов, сега и со дупла посмртница? М? Што да прааам!!!!
-Ту ти не могу помочи.Им зборевме дека ќе се превртувате мачно во гробовите не послушаа.Туку дај да идам да испазарам денес ќе слават па ќе има гужва после.
-Што ќе слават?
-Нешто со титовото јајце, ај да не те замарам.Ако ти е за утеха наши претставници немаше се извадија на тоа дека снег имало….
Ме погледна ко да сум чукната, добро малку сум, по кој знае кој пат.

Ставив две маски една преку друга со по два филтра, очила,визир и капа , а тој ме гледаше со милион прашалници. Додека одев накај излезот ми довикна:
-Хеј! Јас можам тебе да ти помогнам! Фрли го тоа што го викаат телевизор во ѓубре!- гледајќи дека сум опседната со страшната болест која би можела да го потамани човештвото.Дека така рекоа на телевизија.

-Туку,
Чекај! ! !
А што направивте или што правите вие моите после сето ова?
– Па …воглавно…. гледаме како да ни биде удобно исто како и на нив- поцрвенев од срам.

Лидија Ѓорѓевиќ

Loading...

Related posts

Leave a Comment