Свет

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ : СТРАВ

Нема достапен опис

СТРАВ!!! Бу! Отварам портали, гледам, читам вести, отворам фејсбук, комуницирам со луѓе…Кога би требала да го опишам времето во кое живеам со еден збор тоа е зборот СТРАВ.

Интересно е сега, сега кога се наоѓаме во време на ” цветање на демократијата кај нас и во светот”, кога поминавме и режими и диктатури и фашизам, ете баш сега како никогаш до СЕГА не ни било страв да го мериме секој збор што треба да го кажеме или секоја објава која би сакале да ја споделиме. Нешто со таа глобална ” вистина” не е во ред.

Зарем големиот брат треба да се плаши од една моја, или ваша, или било чија реченица, објава?? Или му е јасно дека се повеќе луѓе ја откриваат Вистината? Но сепак, за неа мора да шУпУтиме. Цензури на сите страни.Дури и егзистенционални!

Наскоро ќе има бркања од работа, маркети, училишта доколку не го примите она нешто во вашето тело кое ќе ве жигоса дека сте подобни, она нешто за кое учев дека треба да поминат најмалку пет години за да може воопшто да се примени. Исто и многу”интересно”, луѓе живееле во време на робовладетелско општество, колера, војни, немаштина, ” комунизам”, па никогаш немало толкава концентрација на страв. Мислам дека денес, ако се собере стравот на целото човештво претходно и се стави на кантар и стравот на ова денес, сепак нашево ќе натежне. “Големиот брат” успеа да направи за толку кратко време ” есенција од страв!”

И не самошто успеа да го убеди, да уБЕДИ, не уВЕРИ човештвото дека Бог не постои, туку дека не постои ни ѓаволот што е клучно во нашето битисување во лулката на стравот. За стравот имаат пишувано светите отци, разноразни мудреци и писатели, па и лекари. Најобичен матичен лекар знае дека стравот може да ве разболи.

Дека стравот може комплетно да ви ја промени биохемијата во телото, да ви направи тешки психосоматски пореметувања, да ви го намали имунитетот на нула па макар вие земале тон суплементи за да го дигнете. Нашиот прататко Адам не чувствуваше страв од животните ниту пак срам пред да го направи забранетото. Веднаш после губењето на Божјата благодат кај него се појави страв! Суштината , основата на сите наши стравови се наоѓа тука: Во губењето на благодатта и стравот од смртта!

Стравот е само средна вредност од петте стадиуми: постои грижа, стрепење, страв, паника и ужас. Браво за нас, мислам дека сме во фазата на хистерична паника! Следува …. Каде е убавото, возвишеното? Сте прочитале ли скоро за нешто такво, сте слушнале ли на вести за нешто такво, дали бре воопшто ве интересира нешто такво или носот ви е втурнат во смрдливите лајна на лукавиот сервирани како на коњи со ам околу очите? Живееме во ” култура на стравот”.Најмоќното оружје на натемагото! Им го земаат знаењето на децата.Суптилно, неприметно.

А тој што има знаење има уВИД. Нема веќе увид, одлично, доброволно правиме идиоти од сопствените деца мислејќи дека тоа е за нивно добро. Оти оној кој знае што се случува само тој може да биде слободен.Значи да бира патишта надвор од овој матрикс. Гледате ли, увидувате ли до каде оди таа лукавштина?Исплашениот човек е многу поподложен на манипулација.Посебно политичка. Видете, не е поентата само да бидете болни, туку болеста што подолго да трае. Нема да може никој да ме натера да ја исповедам лагата како вистина, изопаченоста како нормалност или болеста како здравје!!! На крај на краиштата, па и на вечноста!

ВИСТИНАТА Е ОНАА КОЈА Е НЕПРОМЕНЛИВА! Само држете се до десетте Божји зповеди оти Еден е Патот, Вистината и Животот! “Накривете капа”, и насмејте му се на оној малион во трулото лице! Станете БУДНИ! Разбудени!

Лидија Ѓорѓевиќ

Loading...

Related posts

Leave a Comment