ФБ Статуси

Лидија Ѓорѓевиќ : Темнина не постои! Таа е само недостаток од Светлина!

 

Фотографија на Lidija Djordjevic.

Гледам сите сакаат да се отвореле кафаните.

Мене па сеа друго ми се праи.Сакам во природа.Сакам да вдишам шумски воздух и добро да се испешачам.Сакам да си одам во куќата во Пештани и да станам во пет. Да пешачам покрај брегот и да го чекам Сонцето да ми се насмее над Галичица додека езерото е огледало на Небото. Да го мирисам тој воздух! ВОЗДУХ САКАМ! Воздух и спокој.
Но гледате!? Тоа е сега” е многу сакаш”! Она кое претходно можев да го имам кога ќе посакам!
Епа како да не Му благодариме на Бога?

Па си реков, ако продолжи ова, ќе си садам цвеќиња во дворот.Да ми стане убавец.Ќе си цртаме со внук ми и сестра ми на ќерамички саксии какошто еднаш, пред четири- пет години и правевме.

После ќе им направам “цвечни кнедли”, оние на нана ми.Мојата нана( мајка на татко ми) го правеше овој унгарски специјалитет.

После можеме да насадиме цвеќиња во тие шарени саксии. Можеме да си пуштиме и музика и да си пееме.

Може и Мики, син ми да не прати на гитара . Концерт ! Со огромна публика! Зарем не е секоја клетка која ќе ни подрипнува од радост публика? Плус тука е и татко ми и Панда, нашето куче и неколкумина од оние вистинските пријатели…
Денес еден брачен пар ми рече” хумоооор! Само хумор ќе не спаси, смеј се!”И можеме додека горат фенерчињата со свеќички низ целиот двор, замаени од задоволството да играме и пееме, и да се ќикотиме! Можеме се нели? Ситници кои го јакнат имунитетот.

Темнина не постои! Таа е само недостаток од Светлина!

Related posts

Leave a Comment