Колумни

Лиле Прочкова : Живееме во време, во кое човештвото е соочено со најголемото зло.

Живееме во време, во кое човештвото е соочено со најголемото зло.

Време во кое материјалното е пред духовното. Време во кое работиме еден против друг. Сите ние кои го следиме Божјиот пат свесни сме и се подготвуваме за тешка борба. Треба да се спротивставиме на секој вид на зло и да го шириме доброто. Нашата сила е во духот кој е во центарот на таа борба. Да се трудиме со сета своја сила да го чекориме патот на Живиот Бог. Да го повикуваме нашиот Спасител за да бидеме спасени. Покрај многуте зла, во моментот низ целиот свет, присутно е нај ужасното зло, себе љубието. Се прашувам зошто “луѓето” заборавија на љубовта кон ближниот? Приоритет стана материјалното наспроти духовното. Човечката несовршеност и сатанското влијание го земаат својот данок. Затоа, да се молиме и надеваме дека нашиот Бог ќе не исполни со својата благодат и дека ние таа благодат ќе ја рашириме насекаде и ќе бидеме пламен кој ќе го растера мракот од очите на ближните кои се зафатени од духовно слепило. Наша должност е да го износиме сопствениот крст и со својот пример да ги разбудиме другите од страшниот сон. Да даваме љубов исто онака како што спасителот ја даваше секому без разлика дали е грешник или праведен, роб или слободен, верник или фарисеј. Во овие последни времиња нужно е да се свртиме едни кон други, оти само така можеме да го победиме злото кое како ранет ѕвер се заканува да ни ги земе и душата и телото и да не окова во ропски пранги.

Лиле Прочкова

 

Related posts

Leave a Comment