Колумни

Лиле Прочкова: Пландемиското лудило го достигна врвот

May be an image of Лиле  Прочкова и внатре

 

Лудилото го достигна врвот. Цела една година ниту да прогледате, ниту да прослушате. Ама со инка памет не се става.

Кучињата (малкумина) лаат, караванот си врви. Како бре толку се поделивте партиски? Како бре можевте да се продадете за вреќа брашно и кубик дрва? Како може да седите пред ТВ и да дозволите да ви го перат мозокот? Веќе ви го испраа. Дали некој ќе сноси одговорност што се сквернави македонското небо? Не,ние не заслужуваме држава.

Не заслужуваме ни вистинско здравство , ни вистинско образование . Гледајќи, како ни умираат роднини, пријатели, сограѓани ,гледајќи како се вадат органи од пациенти ,притоа без срам и совест да бараат доплата од оштетената, ние немо си посматраме и си молчиме. Се прашувам само дали помеѓу сите жртви од овој пусти ковид има некој политичар? Не. Да не ме разберете погрешно, не посакувам смрт никому. Само се прашувам каква ли терапија примаат тие, штом од вирусот поминуваат со благи симптоми. Дозволивме да ни ја избришат историјата, но за возврат нашите деца ќе учат извитоперено сексуално образование. До кога мој народе? До кога ќе бидете слепи и глуви на 30 годишната тортура?

Имате ли малку совест и морал? Дали ќе дозволиме лудилото да продолжи или сите заедно ќе застанеме еднаш, рамо до рамо, без калкулации? Како што ми изгледа не, за жал. Не, затоа што ви внесоа страв од казни, страв од вируси, а најмногу страв од партиските штабови. Шепотите меѓусебно како се гушите од маските, а се плашите да кажете гласно – ДОСТА Е!

На протест ви е страв да излезете, ќе ве тепале, ќе ве апселе, ќе ве казнувале. Алооо, дали се слушаме? Цел свет ќе протестира, само ние калкулираме. Овој протест не е политички, ами за геноцидот кој се спроведува врз сите нас. Ви спремаат вакцини каде што јасно и гласно ви соопштуваат дека никој нема да сноси одговорност за несакани нус појави. Ех мој народе, ни ја одземаа слободата ,името, идентитетот, а вие чекате и попис згора на се. НЕ ОТВАРАМ ВРАТА ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА! Ова да си го научите како ОЧЕ НАШ. За жал, многумина од вас се среќни со отварањето на границата со Грција. Да си се пелцните, па да си летните до Халкидики со фотка на море, плажа, кафе… Е па нека ви е со среќа пелцувањето, а на останатите ви апелирам што побрзо да се разбудите од зимскиот сон и да прогледате за иднината на нашите деца

Related posts

Leave a Comment