Македонија

Лице в Лице со Корона-Вирусот

Фотографија на Струга Бојкотира с̶е̶в̶е̶р̶н̶а̶.

⚠️Лице в Лице со Корона-Вирусот⚠️

👉Напишано од наш пријател и другар
– локален – струшки иселеник кој што веќе 7 години работат во Швајцарија како Доктор Специјалист по внатрешни болести и моментално води одделение во болница во Базел.👏

“Искрено многу мислев дали да го изнесам ова шо го гледам, ама ако тие шо гледет не кажет – тогаш кои?… Че се ширит информација којашто е медиумски извртена и далеку од она шо вистински се случуват на практика.

Другарчиња, по повод на веќе настанатава ситуација и пред се на толку големиот ‘шум’ што се крена околу неа, се почуствував должен да кажам нешто од моја гледна точка.
Изнесеново(на родниот ми дијалект, како богатство) не е како од авторитет, туку како некој шо со свои очи видел шо се случуват, сум прегледал барем 200 пациенти со Корона(во тимот, една од болниците, издвоена само за третман на пациенти со Корона – Bruderholzspital Basel), освен тоа и сам пред месец и пол инфициран од Корона.
Пред се, не сум приврзаник кон некакви теории на заговор или слично, но за жал, многу е изманипулирана реалната слика, зато добро е работите да се знает и од друга гледна точка, освен онаја на медиумите.

▶️1. Корона не е нов вирус. Е, да, ама мутирал… Да, мутирал, секој вирус мутират и тоа секоја сезона, иначе зошто се прајт секоја година сезонска вакцина за грип (Influenza A и B). Патем, тие вакцини заштитвет од вирусот само во 20-30% од случаите во кои шо пак не се знајт дали е имунитетот шо заштитил или вакцината.
Понатаму, вирусот имат можност да мутират и во рамките на 2 дена и тоа многу мутации во даден Геном, зато шо самиот вирус не е клетка, а е RNK или DNK информација………(или ако не е така, тогаш да се поништет сите книги по микробиологија и генетика по кои шо ни беше кажано да учиме).
▶️2. Во однос колку е опасна последната мутација на вирусот?
Одговор: Да, е потврдоглава од вообичаеното, но на секои неколку години, децении, обичниот сезонски вирус Influenza дават исто тврдоглави мутации.
▶️3. Регистрираните случаи во Швајцарија се 28,000 до 20.април.2020та. Темната бројка на нерегистрирани е сепак многу многу поголема, заш ги тестираме само ризичните групи.
Колку од нив беа без симптоми?
Одговор: барем од моите околу 200 пациенти, 40% беа без симптоми(беа тестирани заради Risk Cohort….)
Колку оздравеа без последици?
Одговор: Сите…
▶️4. Во Швајцарија се опремени во секој Кантон, посебни болници, а исто и некои цркви опремени како Lazareti. Во една од нив сум јас, во друга е мојата партнерка, а со уште 4 други болници сум во тесен контакт со колеги.
Колку пациенти се примени на интензивно одделение?
Одговор: Меѓу 4-8 пациенти во зависност од големината на болницата.
Колку пациенти лежат во интензивно во обична сезона?
Одговор: Можеби со 10% помалку или најмалку исто.
Сеуште го чекаме бранот, но тој не идет, сеуште се чекат цунамито, но болнициве се празни, и она шо гледаме не е ни со процент пострашно од она шо се случвит секоја година во болница (субјективно мислам дека 2017та беше многу многу поголем бум).
▶️5. Кога до минатата година, че починеше polymorbiden или возрасен пациент од Influenza(сезонски грип), го регистриравме како починат од основната водечка болест, на пример, починал од Рак на бубрези со метастази во…..;,а второстепена беше инфекцијата… Оваја година го регистрираме – почина од КОРОНА, втора дијагноза рак на бел дроб…
▶️6. Во прилог ви ја испрачам – European Monitoring of exzess Mortality and Morbidity https://www.euromomo.eu/
Колку се починати во определени месеци минативе години, мојт чоек сам да проверит на линкот. А кога веќе сме кај статистиката, од каде што се крева највеќе паника, бројките се далеку од реалноста. На пример, процентот на смртност го пресметуваат само на регистрирани случаи, а не ги вклучуваат не-тестираните кои се неколку кратно во поголем број од регистрираните случаи, па според тоа, процентот на смртност би паднал под 1-2%, а уште пак ако ги рекласифицираме случаите(како што пишав погоре, како до предходната сезона ги заведувавме починатите) тогаш смртната стапка би била уште помала и од тие 1-2%.
▶️7. Чист изолиран случај за анализа е бродот Diamond Cruz, во кој шо преовладувет стари лица со Komorbditeti(други хронични заболувања) и се заразени 712 лица, а починаа 13. Case reports од минатото(извештаите) со Influenza на брод не се драматично полоши од овој случај.
▶️8. Во Италија беа регистрирани околу 4000 заразени медицински работници, од нив починати 8(барем до моментов).
Во Русија од 47,000 случаи до 20.04, починати се само 400(до моментов). Во целата статистика, очевидно постојт некаде ‘Diskrepans’.
▶️9. Маските шо ги користевме овде, до пред Пандемијата ни беше кажано дека заштитвет 2 сати(во зависност од видот на маската се разбират). Преку ноќ им се подобри квалитетот на истите маски на 24 часа без проблем. Претпоставувам дека со програмирани во состојба на пандемија, во момент квалитетот да им се подобрит за цели 12 пати…. Секое друго објаснување ми изгледат нелогично….
▶️10. Не би сакал ни да навлегвам во тоа кој и што стоит зад ова, заш вервам длабоко во силата на простувањето. Во однос на мерките што ги воведоја во некои земји, вклучително и нашата, во мои очи се чист масовен тероризам на глобален план(ова не го кажувам заради шо сум вечна опозиција, туку како критичка позиција на секоја владеачка форма и нејзините дејства(без апсолутно никаков стремеж или заинтересираност за власт), ами заш се работит за злоупотреба на Моќта во секаков поглед). Инаку, професионалци од областа на Епидемиологија, Вирусологија и Микробиологија коишто до вчера беа најцитирани автори и на видни позиции по Европа, само зошто се изјаснија за сегашниве мерки, вејче се медиумски деградирани, а некои од нив вејче и затворени по неколку недели во психијатрија. Оваја супресија само ме потсетува на случки од пред осумдесетина години…..
▶️11. Не постојт поголем вирус од човекот(опстанал низ многу потешки периоди), и тој мутират и се менуват, се прилагодуват, адаптират и корона не е никаква реална закана за човештвото, но стравот и егоизмот се закана што не е за потценување.
Иначе во меѓувреме, како што реков, во болнициве сеуште чекаме пациенти од Корона коишто никако да дојдет…

…. И како што еден мој добар пријател кажа еднаш, најдобар лек за Корона е да сите медиуми во Светот бидат 15 дена во карантин, така ќе ја снема Короната.

На крај останувам позитивен и со длабоко убедување дека се шо се случвит е за добро и гледам шанса за преродба и регенерација на цела планета како симбиотичен систем.

Ако сметате дека е корисно, споделете ги овие редој и кажете им дека се од ваш пријател којшто во моментов работит на то поле, и се соочуват со ова прашање(не би го нарекол ни проблем) и работите лично ги доживеал, а не ги читал по интернет ниту ги гледал на ТВ(од 15 години не ни имам ТВ).

Топол братски поздрав, за прашања и дискусии по темава останувам отворен.”

Ваш Д. М.

 

 

Related posts

1 comment

DLM 22/04/2020 at 14:09

Ако е овој лекар јас сум експерт по квантна физика!
Можеби тој навистина има диплома и завршил ама неговото разбирање на работите и експликации се за носени недоносени како што е и тој самиот.

Еве само овој дел да го погледнеме “““корона не е никаква реална закана за човештвото““““ море туутурутко кој и кад ерекол дека оваа зараза е опасност по човештвото, ако некој тоа и го рекол пред се мислел дека како и секоја зараза или вирус е опасност само по здравјето на секој поединец, во зависност од неговот здравје и…. зависи како ќе заврши успешно или неуспешно.
Тој-овој јадниот ги испомешал работите од лекар си дал за право да толкува и обајснува работи кои се надвор од неговиот домен, како што е кибернетика, управување со човештвото, механизми и инструменти за перење со репрограмирање на човекот, оди бе таму лечи луѓе и не се мешај во работи кои не ги разбираш. (еве мене што ме интересира, како ти сине мајчин заврши овде за лекар значи користеше ресурси кои се резултат на трудот на сите сегашни и претходни генерации кои го граделе македонското општество и здравство како и медицината сега отиде да работиш во Швајцарија за да негуваш тамошни луѓе а за повеќе пари оти овдешните пари ти биле малку каде ти е заклетвата или таа не важи кога си во прашање ти тебе ти се важни парите важно е твоето газе да биде обезбедено и на топло а знаењата кои си ги стекнал се труд на сите овдешни луѓе, имаш ли малку совест и свест мислиш ли некогаш на луѓето кои останаа во Македонија кој ќе ги лечи кој ќе се грижи за нив? ветеринарите ли или самите треба да се лекуваат? за кој рацку ќе ни е медицински факултет на терет на државата за послче лекарите да заминат во странство да работат за повеќе пари, нека се школуваат на терет на нивните родители или самите нека работат па што сакат нека си праат после ако сакат нека дубат на глаа!!!!)

Овој вирус, зараза, епидемија, пандемија што и да е, и како и да ја нарекувате е процес на редефинирање на меѓународниот поредок, негово менување во услови на контролиран амбиент… и всушност целата оваа приказна е како да се продолжи животот на досегашните империјални сили земјите на ФУКУС+Г и целата таа булумента која е во улога на сервис на тој и таков систем.

Reply

Leave a Comment