Свет

Лондон: Масовни Демонстрации против епидемиолошките мерки (ФОТО; ВИДЕО)

Фото: Танјуг / Арон Чаун / ПА преку АП

Лондон – Илјадници луѓе денеска протестираа на улиците во центарот на Лондон против епидемиолошките мерки кои негативно влијаеја на забавната индустрија и ноќните клубови.

Принуден да го одложи укинувањето на мерките, британскиот премиер Борис Џонсон изрази надеж дека ограничувачките мерки ќе бидат укинати на 19 јули.

Сепак, организацијата „За спас на сцената“, која го организираше протестот, вели дека ограничувањата и заклучувањето треба веднаш да бидат укинати, пренесува Ројтерс.

Колоната демонстранти кои маршираа низ улиците на Лондон, движејќи се кон зградата на британскиот парламент, беше придружена од диџеи кои пласираа музика од подвижните сцени.

Фото: Танјуг / Арон Чаун / ПА преку АП

„Сè е во славење на музиката“, му порача на народот преку звучник еден диџеј, пофалувајќи ја лондонската полиција.

Индустријата за забава беше сериозно погодена од ограничувачките мерки што го ограничуваат бројот на присутни на настаните во затворен простор.

Фото: Танјуг / Арон Чаун / ПА преку АП

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!