Свет

ЛОНДОН НА НОЗЕ ПРОТИВ КАРАНТИНОТ, 5Г, ВАКЦИНАЦИЈА-ПОЛИЦИЈАТА АПСИ

EPA-EFE / FACUNDO ARRIZABALAGA

Неколку стотици луѓе протестираат во лондонскиот Хајд парк против итните мерки на британската влада, јави Би-Би-Си.

Скотланд Јард објави дека се уапсени 6 лица, а меѓу нив е Пирс Корбин, братот на поранешниот прв човек на Лабуристите.

Демонстрантите велат дека протестираат против заканата за слобода на говор и движење, но демонстрантите извикуваа и пароли против воведувањето на мрежата 5Г и задолжителната вакцинација.

EPA-EFE / FACUNDO ARRIZABALAGA

Во последните 24 часа, од последиците од вирусот корона во Велика Британија починале 468 лица, а регистрирани се 3.450 нови случаи на инфекција.

Вкупниот број на заразени на тој начин достигна 240.161, а 34.466 лица починаа од почетокот на епидемијата, пренесува Ројтерс.

Досега се тестирани околу 2,5 милиони луѓе.

Според бројот на заразени лица во светот, Велика Британија е на четвртото место, а според бројот на починати, на второто место по САД.

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment