Три лица загинаа, а девет се повредени во пукање на забава на Ноќта на вештерките во куќа на Лонг Бич во Лос Анџелес, јави американскиот Си-Би-Ес.
Полицијата соопшти дека две лица со качулка пукале кон оние кои присуствувале на забавата на Ноќта на вештерките.
UPDATE: 12 people were shot at a home in Long Beach — three fatally — at what neighbors said was a Halloween party (Credit: Long Beach FD) https://t.co/wyslXZGVv3 pic.twitter.com/gO7Hdf9t98
— CBS Los Angeles (@CBSLA) October 30, 2019
Осомничените сè уште не се уапсени.
Противпожарната служба на Лонг Бич соопшти дека биле повикани да интервенираат околу 10:44 часот и дека пожарникарите пронашле „хаотична сцена“.
Пожарникарите наводно, во домот пронашле тројца мртви мажи и девет други повредени, кои биле пренесени во болница.
Нивната состојба во моментов е непозната.
Соседите кои живеат во близина на куќата за ЛА Тајмс изјавиле дека слушнале истрели од огнено оружје, а по околу десет минути слушнале звуци од полициски сирени .