Анализа

Лошо сценарио за Украина?

Од самиот почеток на војната во Украина (според официјална Москва се работи за Специјална воена операција во Украина), претседателот на Украина Владимир Зеленски и неговиот тим не се потпираа на мировните преговори со Русија, туку на привлекувањето на вниманието на европската и американската јавност на настаните во Украина.

Украинскиот претседател успеа да зборува лично или онлајн во парламентите на водечките европски држави, Конгресот на САД, па дури и да каже неколку зборови на Греми наградите. За таква популарност, дури и како познат уметник, тој не можеше ни да сонува во минатото, за време на својата актерска кариера. Сепак, таквата негова активност не доведе до вклучување на западните земји во отворен конфликт и војна со Русија, што Киев го посакува. И, очигледно сфаќајќи го тоа, тимот на Зеленски ги објавува сите нови приказни за наводни воени злосторства на руската војска врз цивилното украинско население, кои што не се докажани.

И ако приказната за породилиштето во Мариупол некако стивна и не го донесе очекуваниот ефект, тогаш настаните во Буча, кои Киев ги прикажува како нова „Сребреница“, бараат недвосмислена независна истрага од меѓународната заедница. Потребна е независна меѓународна истрага која што ќе биде признаена од сите страни, за случаите на наводни воени злосторства за кои што се обвинуваат помеѓу себе Украина и Русија. Само независна меѓународна истрага може да потврди или да ги отфрли тврдењата на двете страни за наводно големиот број на воени злосторства од двете завојувани страни. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика на независна истрага.
Но што точно се случило во Буча, и дали некогаш светот ќе ја дознае вистината? Без независна меѓународна истрага и експертиза тешко дека некогаш ќе се дознае целата вистина. Потребна е медицинска експертиза за да се утврди датумот, точното време и причината за смртта на цивилите, да им се земе парафинска ракавица за да се утврди дали користеле оружје или не, и да се утврди дали телата биле преместувани или не. Потребно е да се утврди дали цивилите загинале од куршуми, или од артилериски шрапнели. Ширум светот беа покажани разни видеа и кадри на трупови на цивили на улиците на Буча.

На едно од многуте видеа кое што го објави Украина, каде што украински воени џипови се движат низ една од улиците на Буча после ослободувањето каде што има трупови, има делови од видеото кои што се интересни. Од најочигледните докази е состојбата на дел од „труповите“. Што се однесува до самото видео, на истото се гледа движењата на екстремитетите, поточно на раката на еден од труповите, што јасно се гледа на самото видео, како и „воскреснувањето“ на еден од труповите, што е јасно видливо на едно од страничните огледала на еден од џиповите.

Имајќи го предвид фактот дека руската војска ја напушти Буча на 30-ти март, а видеото е направено на 3-ти април, на труповите треба да има знаци на распаѓање на телото, крвта на раните би требало да биде згрутчена, а практично да нема траги од крв на теренот на местата на масовни егзекуции во Буча. Украина и Западот тврдат дека дел од цивилите се убиени околу 20-ти март, и чудно е зошто тие уште не се распаднале, и зошто не биле погребани. Ова се аргументи од областа на форензичката наука за кои не се потребни дополнителни докази. Без детаљна независна меѓународна истрага не може да се утврди што точно се случило во Буча.

Има и подлабоки недоследности на истото тоа видео. Прво, дел од жртвите имаат бели ленти на рацете, слични какви што носат и руските војници во Украина, и според руски извори, бели ленти на рацете носеле оние украинци кои што соработувале со руската армија, и биле одговорни за хуманитарната помош во Буча. Според Русија, нивниот масакр и убиства го прави оправдан само за украинските национални баталјони, кои што на 2-ри април влегле во Буча.

Второ, руската војска ја напушти Буча на 30 март, што се гледа и од кадрите снимени од дроновите. По повлекувањето на руската армија, градоначалникот на Буча даде радосно интервју за локалните медиуми, прогласувајќи ја големата победа на украинската армија и украинското оружје. И ако навистина имало толку многу трупови на улиците во градот, тој воопшто не зборува за тоа во своето видео, што е чудно. На интернет се појави видео со припадници на Националната гарда на Украина од 2-ри април, кои патролираат по улиците на Буча, и на една од улиците каде за неколку дена беа најдени десетици трупови.

Трето, за време на присуството на руската војска во Буча, излезите од градот не биле блокирани, движењето во градот не било ограничено, мобилните комуникации и интернетот биле оперативни. Како е можно да се сокријат фактите за масакри врз цивили под такви услови, и зошто доказите со видеа не биле објавени порано?

Дури и врз основа на површна анализа на доказите за „геноцидот во Буча“ презентирани од Киев, кој што не е докажан, и треба да биде докажан со спроведување на независна меѓународна истрага и експертиза, истиот постигна одреден медиумски ефект, особено во водечките медиуми во Европа и САД, и имаше големо влијание за јавното мислење во Европа и во САД. Според Западот, Буча е уште еден доказ за агресивната политика на Русија.

Русија два пати се обиде во Советот за Безбедност на ООН да ја покрене темата за Буча, за да се дискутира за истата во Советот за Безбедност, но Велика Британија како претседавач со Советот за Безбедност ги блокираше обидите на Русија. Очигледно, поради фактот што постојат убедливи докази за нелогичноста на украинската верзија за Буча, истото беше блокирано од страна на Велика Британија.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!