Македонија

ЛУД, ЗБУЊЕН, НОРМАЛАН : ДЕВОЈКА ВРАТЕНА ОД СТРАНСТВО, ДИРЕКТНО ОД ДРЖАВЕН КАРАНТИН ПРАШУВА, ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ?

Ima li pilota u avionu, najsmešniji film svih vremena

До редакцијата на Слободен Свет пристигна писмо испратено од девојка повратник од странство, која се наоѓа во државен карантин со останатите патници од авионот со кој таа пристигнала во земајава. Во писмото девојката, видно револтирана, ја опишува голготата создадена од владата, низ која таа и останатите граѓани минуваат  од 27.03.2020 па се до денес.

Има ли пилот во авионот?!

Кога се вративме од Загреб на ден 27.03.2020 откако влеговме во авионот ни беа дадени изјави на кои пишуваше дека се согласуваме да бидеме сместени во државен карантин 14 дена и дека сами ги сносиме трошоците за летот (види слика).

Толку. Никаков друг документ. За ова бевме искомуницирани и свесни уште пред да се качиме, и сите потпишаа без никаков проблем. Вчера, пред вратата ни беа донесени 2 нови документи. Voilà!

Едниот известување, дека превоз треба да си организираме сами за назад, секој посебно во автомобил, како не би се групирале со другите луѓе сместени во другите соби и би спречиле контакт. Другиот документ е изјава дека се согласуваме да одиме уште 14 дена во домашна самоизолација и дека доколку не се согласуваме или не се придржуваме со изјавата повторно на свој трошок ќе бидеме сместени во државен карантин. Да не се разбереме погрешно, немам против седење дома, ниту пак имав намера кога ќе излезам од карантин да шетам по Скопје. Но, имам многу против дискриминација (а во случајов сме дискриминирани сите кои се вративме од странство бидејќи иако ќе го поминеме рокот за инкубација од 14 дена, за нас и понатаму важат други правила од остатокот од граѓаните), ненавремено известување и решенија од ракав сосема контрадикторни едни на други, а излезени од иста институција. Секој од нас се согласи на 2 недели државен карантин, но во ниту еден момент ниту ни беше спомнато, ниту потпишано дека се согласуваме на дополнителни 14 дена домашна изолација. Дали е ова воопшто законски? Дали не требаше доколку веќе е така испланирано, двете изјави да се дадат во авион? Или одлуките тука се носав од ракав? Еве, не се разбирам до толку, правници повелете… Објаснувањето на Владата за дополнителните 2 недели е следна: ‘Препораките кои се од стручни луѓе од епидемиолозите е дека лицата кои доаѓаат од странство треба да останат во државен карантин 14 дена, меѓутоа треба дополнително да бидат во самоизолација во домашни услови уште 14 дена од едноставна причина – заради тоа што биле во колективни центри за државен карантин.’ Како така баш сега ви текна? Не помисливте порано на ова, па да не известевте со време? Можеби не секој ќе се согласеше на овој услов, па немаше ни да се врати. Друг муабет е што е спротивно на она што го пишува во известувањето кое вчера го примивме -‘лицата се отпуштаат според бројот на собата во која се сместени, без да дојде во контакт помеѓу сместените лица, односно соба по соба.’ (види слика 2, 3 реченица) Малку сум збунета… Изолирани бевме или во колективен карантин? Ај решете се. Или едно или друго. Не може две различни одлуки за ист проблем. Ако веќе не третираат како сите да сме биле во контакт, што не сме, бидејќи никој не смее да излезе од соба, тогаш зошто не е организиран превоз до местото од каде не донесоа тука, т.е. Меѓународниот аеродром – Скопје?! Ако бараат да организираме превоз сами, како не би биле во контакт со другите соби, зошто се потребни тогаш уште 2 недели домашна самоизолација? Дали ова до сега не беше токму тоа – изолација? Дали воопшто секој има услови за домашна самоизолација или можност некој да го земе? Како воопшто да ги уплатиме парите за авионската карта за кои имаме рок од 15 дена од денот на слетување, ако од еден карантин одиме во друг? И не, не е одговор роднини и пријатели. Што е со луѓето кои живеат сами? Треба да ангажираат некој, да им уплати, да им носи секој ден храна дома и да бидат оставени на милост и немилост… Дали воопшто ќе најдат таков човек? За сите што ќе тврдат дека инкубациски период е 28, не 14 дена, објаснете ми ве молам зошто од оние кои имале директен контакт со потврден случај на covid-19 е побарано да останат во домашен карантин само 14, а не 28 дена? Или проблемот е можеби во тоа што иако беше кажано дека сите кои ќе се вратат ќе бидат тестирани, тоа не е возможно, бидејќи здравствениот систем на земјата е сосема неспремен и нема доволен број тестови, ниту пак има доволно заштитна опрема за своите вработени и токму поради тоа одлучува луѓе, кои во рок од 14 дена не пројавиле никакви симптоми на вирусот и апропо на тоа не се квалификувани за тестирање, да ги затвори уште 14 дена, како би се добило на време?
Какви ви се овие шизофрени решенија кои едно со друго се побиваат???
Бујрум партиски ботови, напаѓајте! Имуна сум. 😊

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment