Свет

Лукашенко: Во случај на војна меѓу Русија и Украина, Белорусија нема да стои настрана

Денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко, се осврна на повеќе теми, од ситуацијата на полско-белоруската граница до обвинувањата на Западот против Русија дека ќе ја нападне Украина.

Според Лукашенко, западните земји ја изнесоа тезата дека Русија ќе ја нападне Украина. Тој рече дека во тој случај Минск нема да стои настрана и дека Западот го разбира тоа, поради што почнал да ја зајакнува северната, украинско-белоруската граница.

Според Лукашенко, десетици илјади војници на НАТО сега се концентрирани во близина на границите на Белорусија. „Значи, не е залудно, има нешто зад тоа“, рече белорускиот лидер, чии зборови ги пренесе медиумот Вести.ру .

Лукашенко им наложи на воените безбедносни службеници да подготват план за одговор на каква било надворешна акција.

Неодамна Александар Лукашенко објасни зошто на Западот му е тешко да најде заеднички јазик со него. Тој рече дека е факт дека не танцува на музиката на Европската унија и дека води независна политика.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!