Свет

Лукашенко: Западот би сакал да ја „турне“ Белорусија во војната во Украина

 

МИНСК – Западот сака да ја „турне“ Белорусија во војната во Украина за да ги задржи нашите граници незаштитени, изјави денеска претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, пренесува државната агенција Белта.

После тоа брзо би завршиле со нас, бидејќи не би можеле ни да се вратиме од Украина за да се заштитиме“, пренесува Спутник.

Тој оцени дека стратегијата на Западот е да се справи со Русија и попатно со Белорусија, „за да не почнат повторно како во август 2020 година“.

„Ги сфативме нивните планови и не само тоа: имаме доволно информации за тоа“, рече Лукашенко, пренесе Танјуг.

Претходно, белорускиот претседател изјави дека Белорусија никогаш немала намера да војува со Украина и никогаш не ги распоредила своите вооружени сили таму.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!